Сува Гора (Преспа)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сува Гора
Mali i Thatë
11061 171199148219 666363219 2837546 1273806 n.jpg
Поглед на билото на Сува Гора кон Грамошта во далечината, на растојание од 65 км
Највисока точка
ВрвВир
Надм. вис.2.288 м [1]
Координати40°53′00″ СГШ; 20°50′00″ ИГД / 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГД / 40.8833; 20.8333Координати: 40°53′00″ СГШ; 20°50′00″ ИГД / 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГД / 40.8833; 20.8333
Географија
Сува Гора is located in Македонија
Сува Гора
Сува
Гора
Местоположба на Сува Гора
МестоМала Преспа, Албанија
Матичен венецГаличица
Геологија
Старост на карпатамезозоик
Видваровничка

Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија. Планината е висока 2.288 м достигнува и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.

Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.

Планинарење[уреди | уреди извор]

Планината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.[3]

Растителност и ресурси[уреди | уреди извор]

Растителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак.

Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.[2]

Историски настани[уреди | уреди извор]

Во Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкаменски го поразила отоманскиот контингент.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вир — GeoNames
  2. 2,0 2,1 "Fjalori Enciklopedik Shqiptar", Akademia e Shkencave e RPSSH, Tiranë, 1985 стр. 664
  3. „Охридско Езеро: Започнете го вашето патување“ (PDF). МСЗП. Меѓународен сојуз за заштита на природата.  (македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]