Прејди на содржината

Маличко Езеро

Координати: 40°44′N 20°46′E / 40.74° СГШ; 20.77° ИГД / 40.74; 20.77
Од Википедија — слободната енциклопедија
Маличко Езеро
Liqeni i Maliqit
Маличкото Езеро (јужно од Охридското, кое е вон сликата) на карта од 1898 г.
Карта
Координати40°44′N 20°46′E / 40.74° СГШ; 20.77° ИГД / 40.74; 20.77
Главни приливиДевол и др.
Главни истециДевол, Дунавец, Семан
Сливни земјиАлбанија
Површина&0101010101010101010101010101013999999940 - 80 км2
Надм. височина818 м

Маличко Езеро, поретко Совјанско Езеро[1] (албански: Liqeni i Maliqit) — поранешно езеро во Албанија, исцедено кон средината на XX век, а наречено по паланката Малик на исток од него. Се наоѓало во македонскиот крај, помеѓу Охридското Езеро на север и градот Горица (Корча) на југ, во долината на реката Девол. исполнувало добар дел од просторот на денешно Горичко Поле, и на исток се граничело со областа Мала Преспа. Во праисторијата сочинувало една целина со Преспанското, а веројатно и Охридското Езеро, наречена Десаретско Езеро. На неговите брегови се најдени остатоци од населби уште од неолитско време. Пред неговото исцедување, било најважното живеалиште на кадравиот пеликан во земјата.[2]

Францускиот историчар и истражувач Франсоа Пуквил направил опширна обиколка на регионот за време на Наполеоновото владеење и забележал дека Маличкото Езеро е долго 8, а широко 2 км, и дека неговите води се одлеваат во реката Девол преку водопад.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Настанок

[уреди | уреди извор]

Езерото е дел од Десаретската група во која спаѓаат Големото Преспанско, Малото Преспанско и Охридското Езеро.[4][5] Се претполага дека настанало во времето кога овие езера биле обединети во Горичкото Поле, а веројатно и со Егејското Езеро. Некои тврдат дека Охридското има посебен настанок поради неговиот статус како најстаро езеро во Европа заедно со Каспиското. Оттука, се смета дека е создадено некаде по средината до крајот на горен миоцен или во плиоценот, кога престанал непосредниот проток на вода од Десаретскиот во Егејскиот слив.[5]

Археологија

[уреди | уреди извор]

Неолитските населби пронајдени на езерскиот брег во облик на земјанки се претставителни за Средоземјето во тоа време, и се смета дека тие биле урнек за создавањето на ваквите живеалишта во Средна Европа. Наодите од овие населби можат да се видат кај селото Совјани во долината на Девол во Горичката област.[6][7]

Исцедување

[уреди | уреди извор]

Со доаѓањето на италијанска власт во Албанија и соседна западна Македонија во 1939 г. донесено е решение за исцедување на бројни моклишта со цел да се искорени маларијата.[8] Постепеното исцедување на Маличкото Езеро започнало во 1946 г. со што се исушени 60.000 хектари мокри подрачја, а добиени се 170.000 хектари обработливо земјиште, на кое се заседени првите полиња со шеќерна репка.[9] Потфатите се направени со трудот на затвореници осудени од комунистичкиот режим и сместени во работен логор крај езерото. Некои од осудените работници умреле поради лошите услови и тешката работа,[10] додека пак други се осудени на смрт поради саботирање со цел да се запре работата.[10]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Π. Θεσπρωτός (1869). „Πανδώρα : Σύνγραμμα περιοδικόν“. 19. Εκ του τυπογραφείου της Πανδώρας: 196. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Giōrgos Katsadōrakēs (2002). The book of the Pelicans. Society for the Protection of Prespa. стр. 25.
  3. François Pouqueville (1820). Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly : With 4 engravings. R. Phillips. стр. 87.
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Релјефот во РМ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1261. Text "series " ignored (help)
  5. 5,0 5,1 Thomas Wilke; Risto Väonölä; Frank Riedel (2008). Patterns and processes of speciation in ancient lakes. Springer. ISBN 1402095821. Посетено на 1 мај 2013.
  6. Francesco Menotti (2012). Wetland Archaeology and Beyond: Theory and Practice. Oxford University Press. стр. 48–52. ISBN 0199571015.
  7. Francesco Menotti; Aidan O'Sullivan (2012). The Oxford Handbook of Wetland Archaeology. Oxford University Press. стр. 16. ISBN 0199573492.
  8. Francis William Carter (1993). David Turnock (уред.). Environmental problems in Eastern Europe. Routledge. ISBN 0415062292.
  9. IUCN Commission on National Parks and Protected Areas (1991). World Conservation Monitoring Centre; IUCN Commission on National Parks and Protected Areas (уред.). Protected Areas of the World: Palaearctic. 2. IUCN Commission on National Parks and Protected Areas. стр. 84.
  10. 10,0 10,1 Owen Pearson (2006). Albania in the Twentieth Century, A History. 3. I.B. Tauris. стр. 188. ISBN 1845111052.