Заградено
| Заградено | |
|---|---|
| Φρακτό | |
Падина на Заградено со водопад | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.953 м |
| Матичен врв | Делибоска |
| Координати | 41°34′06″N 24°31′30″E / 41.5683°N 24.5251°E |
| Географија | |
| Место | Драмско, Егејска Македонија |
Заградено (грчки: Φρακτό или Φραχτό, до 1969 г. Ζαγραντένιο[1]) — планина во Драмско, Егејска Македонија, на самата граница со Бугарија. Највисок врв e Делибоска (Δελημπόσκα) со 1.953 м.[2] Претставува дел од планинскиот систем на Централните Родопи, во највисокиот дел на Родопите на територијата на денешна Грција.[2]
Освен Делибоска други врвови се: Ипсома (1.873 м), Ликолака (1.850 м), на 700 м источно од граничните пирамиди бр 142 и 143, Капсалак (пирамида бр. 135, 1.829 м), Халеро (Рахи, 1817 м), Турсунски Врв и пирамида бр. 147 (Макруло, 1.752 м), Мнима Параскева (1.640 м) и други. Во јужниот дел на Заградено се наоѓа шумата Заградено, уникатна и недопрена од човекот, една од најзачуваните во Европа. Во пределот Заградено се наоѓа и Клисурата на Дивокозите, која претставува важно живеалиште за дивокозите.[2]
На Заградено се наоѓа напуштеното село Л’џа, каде има лековти бањи. Таму е и некогашното село Крушево.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 21. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - 1 2 3 4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||
