Драма (округ)
| Драма Περιφερειακή ενότητα Δράμας | |
|---|---|
| Округ | |
Општини во округот Драма | |
Драма во Грција | |
| Координати: 41°15′N 24°10′E / 41.250°N 24.167°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Источна Македонија и Тракија |
| Админ. центар | Драма |
| Површина | |
| • Вкупна | 3.468 км2 (1,339 ми2) |
| Население (2021) | |
| • Вкупно | 86.621 |
| • Густина | 25/км2 (65/ми2) |
| Поштен. бр. | 66x xx |
| Повик. бр. | 252x0 |
| ISO 3166 | GR-52 |
| Рег. таб. | ΡΜ |
| Мреж. место | pedramas.eu |
Драма (грчки: Περιφερειακή ενότητα Δράμας) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Источна Македонија и Тракија во Грција. Административен центар е градот Драма. Подрачјето на округот се приближно совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Драмско“. Ова е најсеверниот округ во Егејска Македонија и еден од двата најисточни (другиот е Кавала). На север се граничи со Пиринска Македонија и Смољанската област во Бугарија. Таа граница ја образуваат Родопите.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот е прилично планински. Во него се наоѓа дел од Славјанка (Алиботуш или Орвилос) на северозапад, Сминица (Меникио) во западниот дел и Боздаг (Фалакро) во североисточниот. Реката Места (Нестос) го сече округот од север кон исток. Во северниот дел кон Смољанската област е сместена шумата Карадере (Елатија), каде преовладува обичната смрча (Picea abies), белиот бор (Pinus sylvestris), црниот бор (Pinus nigra) и балканската бука (Fagus moesiaca). Шумарството во овој крај е мошне развиено, претежно за добивање на дрвена граѓа. Типични живот ни за Карадере се кафеавата мечка (Ursus arctos), големиот тетреб (Tetrao urogallus) и лештарката (Bonasa bonasia)[1].
Административно, округот Драма се граничи со окрузите Скеча (Ксанти) на исток, Кавала на југ, Сер на југозапад и запад и Пиринска Македонија (Благоевградска област) и Смољанската област во Бугарија на север. Јужните и западните делови на округот се претежно прекриени со земјоделска површина.
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Драма се дели на 5 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[2]
Демографија
[уреди | уреди извор]Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 28 населени места и сочинуваат околу 16% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 16.000 Македонци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Разработка на трансграничен природен парк в Родопите“. Архивирано од изворникот на 2007-06-25. Посетено на 2014-07-04.
- ↑ Законска реформа „Каликратис“ PDF
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на округот Драма Архивирано на 26 септември 2014 г.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
