Драма (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Драма
Δήμος Δράμας
St-Panteleimon-Drama.jpg
Црквата „Св. Пантелејмон“ во Драма.
Податоци
Област: Источна Македонија и Тракија
Округ: Драма
Гео. област:
Население: 56 062 (2001)
Седиште: Драма
Нас. места: 26
Пошт. бр.: 661 00
Пов. бр.: 25210-2
Портал: dimos-dramas.gr

Драма (грчки: Δήμος Δράμας, Димос Драмас) — општина во Драмскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Драма.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Драма е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на старата општина Драма и општинската целина.

Општинска единица Драма[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Драма на картата на некогашниот округ Драма.

Според пописот од 2001 г., општината има 55 632 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Драма (43 485 жители)
    • град Драма (Δράμα) (42 501 жител)
    • село Ени Чифлик (Νέα Σεβάστεια, Неја Севастија) (480 жители)
    • село Пашали Чифлик (Αμπελάκια, Амбелакиja) (335 жители)
    • село Шипша (Ταξιάρχες, Таксијархес) (169 жители)
  • Општински оддел Височани (2 777 жители)
    • село Височани (или Височан, Височени, Височени; Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) (2 601 жител)
    • село Метаморфози Сотирос (Μεταμόρφωση Σωτήρος) (176 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Ескиќој
    • село Ескиќој (Νικοτσάρας, Никоцарас) (309 жители)
  • Општински оддел Дреново (886 жители)
    • село Дреново (или Драново; Μοναστηράκι, Монастираки) (781 жител)
    • село Ковица (или Ковишта; Βαθύλακκος, Ватилакос) (85 жители)
  • Општински оддел Карачали
    • село Карачали (Μαυρόβατος, Мавроватос) (714 жители)
  • Општински оддел Музга
    • село Музга (Κουδούνια, Кудунија) (885 жители)
  • Општински оддел Мокрош (146 жители)
    • село Мокрош (Λιβαδερό, Ливадеро) (100 жители)
    • село Крапица (или Краништа; Δενδράκια, Дендракиja) (46 жители)
  • Општински оддел Османица
    • село Османица (Καλός Αγρός, Калос Агрос) (1 216 жители)
  • Општински оддел Ревена (84 жители)
    • село Ревена (или Равња; Μακρυπλάγι, Макриплаги) (74 жители)
    • село Орманли (Πολύκαρπος, Поликарпос) (10 жители)
  • Општински оддел Равика (1 149 жители)
    • село Равика (или Раховица; Καλλίφυτος, Калифитос) (1 083 жители)
    • село Панорама (Πανόραμα) (66 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Турско Село
    • село Турско Село (или Тилкохор, Туркохор; Μυλοπόταμος, Милопотамос) (778 жители)
  • Општински оддел Ќучук
    • село Ќучук (или Ќучукќој; Μικροχώρι, Микрохори) (598 жители)
  • Општински оддел Чаталџа
    • село Чаталџа (Χωριστή, Хористи) (2 625 жители)

Општинска единица Осеница[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Осеница на картата на некогашниот округ Драма.

Општинската единица е сместена во областа Чеч, на јужните падини на Родопите, по десниот брег на реката Места. Според пописот од 2001 г. општинската целина Осеница (Κοινότητα Σιδηρόνερου) има населени од 430 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Осеница (346 жители)
    • село Осеница (Σιδηρόνερο, Сидиронеро) (206 жители)
    • село Владиково (Οροπέδιο, Оропедио) (40 жители)
    • село Ловча (или Ловчишта; Καλλίκαρπο, Каликарпо) (50 жители)
    • село Попово Село (Παππάδες, Пападес) (50 жители)
  • Општински оддел Љубан
    • село Љубан (или Либан; Σκαλωτή, Скалоти) (84 жители)

Поранешни села[уреди | уреди извор]

На територијата на општината има многу напуштени села. Тие се следниве:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]