Карадере (планина)

Координати: 41°32′04″N 24°16′41″E / 41.5344° СГШ; 24.2780° ИГД / 41.5344; 24.2780
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиново
Πίνοβο
Поглед на Карадере Борово и реката Места со Карадере во позадината
Највисока точка
Надм. вис.1.826 м
Координати41°32′04″N 24°16′41″E / 41.5344° СГШ; 24.2780° ИГД / 41.5344; 24.2780
Географија
Пиново на карта

Карта

МестоДрамско, Егејска Македонија
Карта

Карадере (грчки: Ελατιά, Елатија или Καρά Ντερέ, Кара Дере) — шумовито планинско подрачје во средишните и северните делови на Драмскиот (и делумно Кавалскиот) округ на Егејска Македонија кое се протега долж границата со Бугарија. Околу 90 % од пределот е прекриен со шуми, и тука се наоѓа истоименото село Карадере (Елатија) кое денес шумарски центар и туристичко место, а до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани пред да бидат протерани. Во околината исто така има многу напуштени села со иста судбина.

Селото е на 72 км од градот Драма. Шумата е во сопственост на Шумарската служба на Грција, а селото е управен и оперативен центар на шумското подрачје.[1]

Растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

На карадере се наоѓа едиствената шума со смрча во Грција. Пределите се слични на оние во Средна и Северна Европа. Меѓу растителниот свет застапени се:

На планината се застапени над 700 видови растенија. Многу од нив се ендемски за Балканот и ретки во Грција. Виреат најразновидни печурки, и од јадливите најзастапени се вргањот и јајчарката.

Меѓу животните се среќаваат кафеавата мечка, дивата свиња, еленот, срната, дивиот зајак, волкот, дивата мачка, гулабот гривнаш, орелот, јастребот и клукајдрвецот.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шумата Карадере (Елатија) Архивирано на 31 мај 2007 г. — Туристички водич низ Драмско посет. 23 јуни 2007 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]