Самос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Островот Самос

Самос (на грчки: Σαμός) е остров во источниот дел на Егејското Море, на брегот на Мала Азија. Се наоѓа меѓу островот Хиос на север и Додеканезите на југ. Влегува во составот на архипелагот Јужни Споради.

Во антиката бил центар на јонската и егејска култура. Татковина е на големите филозофи Питагора, Мелис и Епикур, како и на астрономот Аристарх. Името на турски јазик е Sisam.

Површина на островот е 468 км2 и е 43 км. на должина и 13 на ширина. Самос е еден од најважните и плодни острови во Егејското Море. Од Мала Азија го дели само една 1 милја проток. Климата е типично средоземна. На островот се одгледува тутун, мед, маслиново масло. Познат е по своето вино, сушени смокви и бадеми. Првенствено се произведува мускатово вино.

Во периодот меѓу 1834 и 1912 година Самос бил автономно кнежевство во рамките на Отоманското Царство, а негов прв кнез до 1850 бил Стефан Богориди. Островот од 1992 година се наоѓа на листата од УНЕСКО како светско наследство.[1]


Извори[уреди | уреди извор]

  1. Unesco list