Парос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парос
Πάρος
Paros-collage-c.jpg
Flag of Paros.svg
Знаме
Seal of Paros.svg
Амблем
Парос is located in Грција
Парос
Парос
Координати: 37°5′N 25°9′E / 37.083° СГШ; 25.150° ИГД / 37.083; 25.150Координати: 37°5′N 25°9′E / 37.083° СГШ; 25.150° ИГД / 37.083; 25.150
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругПарос
Површина
 • Општина196,3 км2 (758 ми2)
Најг. вис.&10000000000000724000000724 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.13.715
 • Општ. густина7.0/км2 (18/ми2)
Заедница
 • Население6058
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.844 00
Повик. бр.22840
Рег. таб.EM
Мреж. местоwww.paros.gr

Парос (грчки: Πάρος; венецијански: Paro) — грчки остров кој се наоѓа во централниот дел на Егејско Море, како дел од островската група Киклади, западно од Наксос[2]. Се наоѓа на околу 150 километри југоисточно од Пиреја. Општина Парос вклучува бројни ненаселени островчиња со вкупна површина од 196.308 квадратни километри. Најблискиот сосед е општината Антипарос, која се наоѓа на југозапад.

Историски гледано, Парос бил познат по својот извонреден бел мермер, што довело до израз терминот „Паријан“ за да се опише мермер со слични квалитети[3]. Денес, мермерните рудници се напуштени, но Парос првенствено е познат како популарно туристичко место.

Географија[уреди | уреди извор]

Географските координати на Парос се 37° N географска широчина и 25°10'E. должина. Областа е 165 км2. Нејзината најголема должина од е 21 км а нејзината најголема ширина е 16 километри. Островот има кружен облик, формиран од една планина (724 м) што е рамномерно спуштена од сите страни. Островот е составен од мермер, гнајс и шкрилец. На запад од Парос лежи помалиот остров Антипарос. Најтесниот канал, помеѓу двата острови, е широк помалку од 2 километри.

Парос има бројни плажи, вклучувајќи ги Криси Акти (Златна плажа) во близина на Дриос на источниот брег, во Пунда, Логарас, Писо Ливади и Агиа Ирини.

Острови[уреди | уреди извор]

  • Гајдурониси - северно од Ксифара
  • Остров Портес - западно од градот Парос
  • Остров Тигани - југозападно од Парос
  • Дриониси - југоисточно од Парос

Парикија[уреди | уреди извор]

Главниот град Парикија, кој се наоѓа на залив на северозападната страна на островот, го зазема местото на античкиот град Парос. Пристаништето Парикија е главен центар за фериботи и кон егејските острови, со неколку пловидби секој ден за Пиреја, пристаништето во Атина, Ираклион, главниот град на Крит и други острови како што се Наксос, Иос, Миконос и Санторини.

Во градот Парикија, куќите се изградени и декорирани во традиционалниот кикладиски стил, со рамен покрив, ѕидови од бела боја и сино-обоени врати и прозорци и ролетни. Куќите му даваат на градот живописен аспект. Над централниот дел на патот на крајбрежјето, се наоѓаат остатоци од средновековен замок, изграден речиси целосно од мермерните остатоци на антички храм посветен на Аполон. Слични траги на антиката, во облик на натписи, столбови итн., се бројни. На падините во јужната периферија на Парикија, лево од патот Парикија - Алики, се остатоците од храм посветен на Асклепиј. Покрај тоа, во близина на модерното пристаниште, остатоците од античките гробишта се видливи.

Назад од пристаништето, околу 400 метри лево од главниот плоштад Парикија, е главната црква на градот Пресвета Богородиц. Се смета дека била основана од мајката на римскиот цар Константин Велики (владеел 306-337), Света Елена, за време на нејзиниот аџилак кон Светата земја.

Градот Парикија има мал, но интересен археолошки музеј, сместувајќи некои од многуте наоѓалишта од локалитетите во Парос. Најдобрите парчиња, сепак, се наоѓаат во Атинскиот национален археолошки музеј.

Други населби[уреди | уреди извор]

На северната страна на островот се наоѓа заливот Науса или Агуса, кој обезбедува безбедно и пространо пристаниште. Друго добро пристаниште е онаа во Дриос на југоисточната страна, каде што турската флота се обидувала да се прицврсти на своето патување низ Егејското Море, за време на периодот на османлиското владеење над Парос (1537-1832).

Трите села Драгулас, Мармара и Ципидос, кои се наоѓаат на отворена рамнина на источната страна на островот и се богати со остатоци од антиката, веројатно заземаат место на антички град. Тие се познати заедно како „села Кефалос“ по стрмниот и возвишен рид на Кефалос. На овој врв се наоѓа манастирот Агиос Антониос (Свети Антониј). Околу него се наоѓаат урнатините на средновековен замок кој му припаѓал во доцниот среден век на венециското благородно семејство Вениери. Тие залудно го бранеле островот против турскиот адмирал Барбароса во 1537 година.

Друга населба на островот Парос е Лефкес (Λεύκες). Лефкс е планинско село во внатрешноста на 10 километри од Парикија. Во доцниот 19 век, Лефкес бил центар на општина која припаѓала на провинцијата Наксос до 1912 година. Името на општината Ирија било едно од античките имиња на Парос. Лефкес бил главен град на општината Ирија, во која биле вклучени селата Ангрија, Алики, Анерација, Вунија, Камари, Кампос, Лангада, Малтес и Марати. Во тоа време, селото успеало да постигне голем економски развој. Во 1970-тите, многу жители се преселиле во Атина, Маруси и Мелисија поради урбанизацијата. Сепак, последните неколку години, туризмот претставува нов извор на приход за локалното население што довело до реконструкција на домовите. Во последниот попис (2011) населението броело 545 жители.

Мермерни каменоломи[уреди | уреди извор]

Мермерот, кој е бел и проѕирен, претставувал главен извор на богатство за островот. Прославените мермерни каменоломи лежат на северната страна на планината, познати како Марати. Мермерот, кој бил извезуван од 6 век п.н.е. па наваму, го користеле големи грчки скулптори. Тој бил добиен со помош на подземни каменоломи управувани хоризонтално или под агол на спуштање во карпата.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Според традицијата, Парос бил населен од страна на жителите на Аркадија[4]. Древните имиња на островотбиле Платеија, Деметријас, Стронгили, Хирија, Хилеза, Миноа и Кабарнис[2][5].

Црква во Парос

Островот подоцна бил колонизиран од жителите на Јонија[6] во кој период островот постигнал висок степен на просперитет. На Парос се одржала 15-тата или 18-тата Олимпијада, на која учествувал поетот Архилох[7], роден во Парос. До крајот на 385 година п.н.е., жителите, во соработка со Дионисиј I Стариот[2], основале колонија на илирскиот остров Фарос (Хвар)[8].

Непосредно пред Персиската војна, Парос паднал под контрола на Наксос[2][9]. Во првата Грчко-персиска војна (490 п.н.е.), Парос застанал на страната на Персијците. Во знак на одмазда, главниот град бил под опсада на атинската флота, која побарала парична казна од 100 таланти. Но, градот понудил силен отпор, а Атињаните биле принудени да се повлечат по опсада од 26 дена.

Парос, исто така, застанал на страната на Ксеркс I против Грција во втората грчко-персиска војна (480-479 п.н.е.), но, по битката кај Артемизија. Поради подршката на Персија, островјаните подоцна биле казнети од страна на атинскиот воен лидер Темистокле, кој барал голема парична казна[2][10].

Крстоносен период[уреди | уреди извор]

Во 1204 година, војниците на Четвртиот крстоносен поход го освоиле Цариград и ја потиснале Византија. Наследникот на Византија, Никејското Царство во 1261 година повторно го вратил Цариград како и голем дел од византиските територии, вклучувајќи го и Парос. Парос станал дел од на Егејското војводство, составено од различни егејски острови управувани од венецијански војвода како номинален вазал. Меѓутоа, во пракса, војводството било секогаш под Република Венеција.

Отомански и грчки период[уреди | уреди извор]

Во 1537 година, Парос бил освоен од Отоманските Турци и островот останал во составот на Отоманското Царство до Грчката војна за независност (1821-1829). За време на Руско-турската војна (1768-1774), Заливот претставувал основна база на Руската ескадрила на грофот Алексеј Орлов. Според Константинополскиот договор (1832), Парос станал дел од новото независно Кралство Грција,

На 26 септември 2000 година ферибот МС Експрес Самина се судрил во пристаништето Портес, при што загинале 82 лица на бродот[11].

Парикија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4  Paros“. Енциклопедија Британика (XI) 20: 860–861. (1911). Cambridge University Press. (англиски)
  3. „Parian – definition of Parian by the Free Online Dictionary, Thesaurus and Encyclopedia“. Thefreedictionary.com. конс. 2009-05-06. 
  4. Heraclides De rebus publicis 8
  5. Stephanos Byz.
  6. Schol. Dionysius Periegetes 525; Herodian I.171
  7. Zafeiropouloy F., and A., Agelarakis “Warriors of Paros”, Archaeology 58.1(2005): 30–35.
  8. Diodorus Siculus XV.13
  9. Herodotus Histories V.31
  10. Herodotus op.cit. VIII.112
  11. „Ferry Disaster off Paros“. Greek Island Hopping. Архивирано од изворникот на March 31, 2011. конс. April 1, 2011.  ()

Надворешни врски[уреди | уреди извор]