Скијатос
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Скијатос Σκιάθος | |
---|---|
Поглед на пристаништето во гратчето Скијатос | |
Местоположба во областа 2011 Dimos Skiathou.png | |
Координати: 39°10′N 23°29′E / 39.167° СГШ; 23.483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Споради |
Површина | |
• Општина | 49,898[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2) |
Најг. вис. | 436 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[2] | |
• Општ. | 6.088 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 370 xx |
Повик. бр. | 24270 |
Рег. таб. | BO |
Мреж. место | www.skiathos.gov.gr |
Скијатос (грчки: Σκιάθος, Error: {{IPA}}: unrecognized language tag: sciˈaθos; латинизани верзии: Sciathos and Sciathus) — мал грчки остров во северозападното Егејско Море. Скијатос е најзападниот остров во групата на северни Споради, источно од полуостровот Пелион во Магнезија на копното, и западно од островот Скопелос.
Географија
[уреди | уреди извор]Островот има североисточен кон југозападен правец и е околу 12 километри долг и 6 километри широк во просек. Крајбрежјето е исполнето со околу 65 песочни плажи, мали заливи, ртови и полуострови. На југоисточните и југозападните делови има благи падини односно таму се наоѓаат песочните плажи, населби и објекти. Теренот е ридски, но погруб е северниот брег со највисок врв од 443 метри. На овој врв има кула за комуникации. Главен град е Скијатос и заедно со аеродромот се наоѓаат на североисток веднаш до лагуната. Други населби по должина на крајбрежјето се Хенемос, Каливи, Тролос и Куконарис. Општината Скијатос ги вклучува и островчињата Tsougria (Цугриа), Tsougriaki(Цугриаки), Maragos(Марагос), Arkos(Аркос), Troulonisi(Трулониси) и Aspronisi(Аспрониси). Тие се расфрлени неколку километри од југоисточното крајбрежје и се јасно видливи од градот и плажите. Поголемиот остров на Скијатос е видлив од самиот град Скијатос со неговите подалечни островчиња Евбеја и Скирос. Вкупната површина на Скијатос е 50 километри квадрати. Главниот асфалтиран пат се протега сè до југоисточниот дел на островот кој се разгранува на неколку потесни патчиња кон внатрешнината на северниот брег. Обработливо земјиште го има околу сите поголеми населби на островот. И покрај малите димензии што ги поседува Скијатос сепак поради песочните плажи и шумовитиот пејзаж овој остров е доста популарно одредиште. Околу 60 години најчесто песочните плажи се расфрлени насекаде околу 44 километри до крајбрежјето. Некои од нив се Трулос, Вромолимнос, Кукунарис, Аселинос, Мегали Амос и Мандраки. Поголем дел од островот е обраснат со Алеп бор и борова шума. Во Кукунарис има и втора лагуна и плажата е доста ситна и доста популарна. Шумата на островот главно е концентрирана на југозападните и северните делови но присуството на борови дрвја е низ целиот остров.
Историја
[уреди | уреди извор]Во антички времиња, островот одиграл мала улога во текот на персиските војни. Во 480 г. п.н.е флотата на персискиот цар Херхес била погодена од бура и бил разурнат во карбите на брегот Скијатос. После бурата, грчката флота ги блокираше соседните мориња со цел да ја спречи поморската инвазија и одредбите за непријателот на 300 Спартанци кои стоеле херојски на преминот Термопилите. Персиската флота била поразена во Артемисиум и конечно уништени во Битката кај Саламис една година подоцна. Градот бил уништен од страна на Филип V Македонски во 200 год п.н.е.
Во 1207 година браќата Гизи го заробиле островот и го изградиле Буртзи(мала венецијанска стилизирана тврдина) слична на онаа во Нафплио(островче надвор од градот Скијатос ) за да го заштитат капиталот од страна на пиратите. Но, Буртзи бил неефикасен во заштитата на населението и во средината на 14 век жителите се преселиле на античката страна од главниот град Скијатос кој се наоѓа на висока карпа со поглед на стрмните карпи над морето на северниот дел од островот. Во 1704 година монасите од Света Гора изградиле манастир Евангелистриа кој одиграл улога во грчката војна за независност . Таму се криеле грчките бунтовници. Првото знаме на Грција било создадено толку во овој манастир во 1807 година. Неколку истакнати водачи се собирале таму и разговарале за востанието, со што положиле свечена заклетва на оваа знаме од страна тамошниот епископ. По војната за независност и по уништувањето на пиратството во Егејско Море, Кастро станува помалку важна стратешка локација. Во 1830 година главниот град на островот се преместува на другата страна, каде што и ден денеска е. Денес , урнатините на Кастро се една од популарните туристички атракции. Во текот на 19 век Скитајос станува важен бродоградбен центар во Егејско поради изобилството на борови шуми на островот. Денес, боровата шума веќе речиси и ја нема. Ова е сопрано, поради појавата на чамците на пареа. Еден мал брод останал уште не северната страна од градот Скијатос и денеска сè уште не потсеќа на традиционалните грчки кајчиња. Филмот Мама Миа делумно бил снимен на овој остров и на островот Скопелес. Со само тоа снимање се зголемува популарноста како туристичко одредиште поради успешноста на филмот. Холивудскиот глумец Ричард Роман се преселил на островот во 2001 година со неговата сопруга. Тој има напишано книга за неговото преселување на островот наречен “Чин III”
Превоз
[уреди | уреди извор]Постои редовна линија која се движи до островот и од останатите острови на Спорадес од Солун, Волос и Агиос Константинос. Бродовите главно се употребувани од стара на ‘’Грција Морски патишта” и се користат од доста брзите “Летачки Делфин” и “Летачките мачкини садови” како и конвенционалните фериброди. Националниот аеродром на Скијатос се наоѓа на североисточниот дел на островот веднаш до лагуната и преминот што го дели островот од полуострвот Лазарета. Летото 2011 година, аеродромот на Скијатос е резервиран од страна на ‘’Олимписките воздушни летови” на Атина и Солун додека странските авиокомпании обезбедувале чартер летови од широката палета на аеродроми во европските земји, како што се Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Италија и Кипар. Повеќето од модерните патишта минат по источниот и јужниот брег. Потесните патишта се користат за да се дојде до внатрешнината на северозападното крајбрежје. Редовна линија но и за време на туристичката сезона на автобуси од главниот град па сè до Кукунарис на југозапад. Постојан три автубуски линии на островот. Главниот пат е од плажата на Кукунарис која оди сè до јужниот дел од островот. Постојат 24 автубуски постојки, а брегот на Кукунарис е последна. Овој пат работи на една флота од 5 автобуси кои минат 5 пати за еден час за време на шпицот на летната сезона а овој број значително се намалува за време на зимата. Еднаш оди кон манастирот Евангелистриа, еднаш оди кон Ханемос на северниот брег дури шест пати дневно со мини автобуси.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
|
|
|