Псеримос (грчки: Ψέριμος Δωδεκανήσου) ― мал грчки остров во додеканскиот синџир, кој се наоѓа помеѓу Калимнос и Кос пред брегот на Турција. Тој е дел од општината Калимнос и на пописот во 2011 година имал население од 80 жители.[1]
Главната индустрија е туризмот, со грчки и други европски туристи привлечени од неговата оддалечена местоположба. Постојат неколку плажи и голем број таверни, од кои некои нудат сместување.
Псеримос е опслужуван со дневен траект од Потија, на островот Калимнос, и е одредиште на маршрутата на голем број бродови за крстарење во областа.