Тилос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тилос
Τήλος
Livadhia tilos.jpg
Тилос is located in Грција
Тилос
Тилос
Координати: 36°26′N 27°22′E / 36.433° СГШ; 27.367° ИГД / 36.433; 27.367Координати: 36°26′N 27°22′E / 36.433° СГШ; 27.367° ИГД / 36.433; 27.367
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругРодос
Површина
 • Општина64,525 км2 (24,913 ми2)
Најг. вис.&10000000000000654000000654 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.780
 • Општ. густина0.012/км2 (0.031/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.850 02
Повик. бр.22460
Рег. таб.ΚΧ, ΡΟ, ΡΚ
Мреж. местоwww.tilos.gr

Тилос (грчки: Τήλος — мал грчки остров и општина кој се наоѓа во Егејското Море и припаѓа на групата острови Додеканези. Тилос се наоѓа на половина пат помеѓу Кос и Родос[2]. Има население од 780 жители (според пописот во 2011 година)[1]. Заедно со ненаселените острови Антитилос и Гајдарос ја формира Општина Тилос[3], која има вкупна површина од 64.525 квадратни километри. Тилос е дел од регионалната единица Родос[4].

Според традицијата, Телос бил син на Хелиј и Халија, сестра на Телхини. Дошол на островот во потрага по билки за да ја излечи својата болна мајка. Сепак, Телос не се појавува во грчката митологија и името веројатно има непознато предгрчко потекло. Плиниј забележува дека во антиката Тилос бил познат како Агатуса (Αγαθούσσα)[5]. Во средниот век, италијанскиот остров бил познат како Епископио. Островот, исто така на турски бил познат како Илјаки[5].

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Грнчарството и камените алатки откриени во пештерата Чаркадио укажуваат на човечка активност на Тилос во раниот неолитски период (8000 п.н.е. до 7000 п.н.е.), заедно со откриените коски високи од 1,2 до 1,6 метри.

Ископувањето ја идентификува ѕидарија од времето на Пелазгите , како и остатоцио од минојската и микенската. Островот имал голем развој во текот на класичната ера, ковајќи свои пари. Во 7 век п.н.е., колонистите од Тилос и Линдос се населиле во Сицилија и го основале градот Гелас. Херодот (484 п.н.е. - околу 425 п.н.е.) ги опишал вековите што му претходат како златна ера на Тилос. Во 5 век п.н.е., Тилос бил член на Првата Делијска лига и ја задржал својата независност до крајот на Пелопонеската војна.

Од крајот на IV век п.н.е., во следните 200 години, Тилос бил под владеење на Персија, а потоа и во составот на Птолемејски Египет под влијание на Родос, додека во 200 година п.н.е. островот бил вклучен во составот на Конфедерација Родос. Островот бил освоен од Римјаните во 42 п.н.е.

Средновековен период[уреди | уреди извор]

Тилос бил вклучен во составот на Византија и бил во составот на на поморската Тема Самос помеѓу 9 и 14 век. Витезите на Свети Јован ја презеле контролата врз Тилос во 1309. Островот бил евакуиран во 1470 година, кога Османлиите ја започнале опсадата на Родос, по чиј крај и Тилос бил вклучен во составот на Отоманското Царство.

Во 1523 година, Тилос добил привилегиран административен и даночен систем.

Современ период[уреди | уреди извор]

Отоманската власт траела до 12 мај 1912 година, кога италијанските морнари го освоиле островот. По италијанското примирје од 8 септември 1943 година, Тилос бил окупиран од германски трупи, а во 1948 година се приклучил на Грција заедно со останатите острови од Додеканези. Од 1948 година, населението на островот брзо се намалувало, бидејќи многу жители мигрирале во САД или во Австралија.

Географија[уреди | уреди извор]

Тилос има форма на обратна буква „С“. Островот е долг 14,5 км долг, од северозапад кон југоисток, со максимална широчина од 8 км и површина од околу 61 квадратни километри. Островот има планински варовник, вулкански низини. Тој е добро снабден од извори, и е потенцијално многу плоден и продуктивен. Неговите брегови се генерално карпести, но исто така има и голем број песочни плажи.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Ливадија на островот Тилос

На северозападниот дел на островот се наоѓа манастирот Ајос Панделеимон на падините на планината Профитис Илијас (654 м). Манастирот содржи свежи извори на ладна вода, како и огромно дрво. Планината граничи со плодна рамница која се протега низ ширината на островот, со населбите Ајос Андонис на север и Еристос на југ. Североисточно од рамницата е главниот град на островот, Мегало Хорио, изграден во почетокот на 19 век во подножјето на античкиот град Телос. Архаичните урнатини се протегаат до местото на акрополата на античкиот град, посветен на Аполон. На запад се наоѓа пештерата Каркхадио, каде што во 1971 година биле откриени неолитски наоди и коски на џуџестиот слон.

Урнатините на средновековниот замок во Мегало Хорио

Над пештерата се наоѓаат урнатините на средновековната тврдина Месарија. На јужниот крај на островот се наоѓа Ливадија, главното пристаниште и економскиот центар на островот. Стариот главен град на островот, Микро Хорио, прв пат бил населен во 15 век од страна на витешкиот ред на на Свети Јован. Тој бил целосно напуштен во 1960 година. На сличен начин биле напуштени и неколку други населби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција. 
  2. @web, George Kitsos - Nikos Gatsouras. "Information about Regions in Greece". Ellada.net. конс. 2009-08-09. 
  3. "Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)" (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  5. 5,0 5,1 Bertarelli, p. 135

Надворешни врски[уреди | уреди извор]