Асклепиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Статуа на Асклепиј во Капитолските музеи

Асклепиј или Ескулап (старогрчки: Ἀσκληπιός; латински: Aesculapius) — бог на лекарството во старогрчката митологија. Тој бил син на богот Аполон, и нимфата Коронида. Хомер сметал дека тој бил смртен. Се смета дека ја учел медицината од Хирон односно дека таа вештина ја наследил од својот татко Аполон.

Особености[уреди | уреди извор]

Овој бог бил прикажуван слично како и Зевс, но секогаш стап со јазли (bacillum nodosum) на кој е завиткана змија (поточно, шумски смок) која, поради можноста за менување на кожата, била симбол на подмладување. Оттука, змијата (или кучето) се животните кои се посветени на ова божество, така што во неговите храмови змиите слободно се движеле насекаде. Според митот, Асклепиј бил во куќата на болниот Глаук. Тогаш се појавила една змија, која се завиткала околу неговиот стап. Тој ја убил змијата, но тогаш се појавила уште една носејќи некаква трева во устата и со неа оживеала отепаната змија. Така, Асклепиј почнал да ја употребува таа трева и со нејзината помош ги лекувал луѓето. Плашејќи се дека Асклепиј ќе ги спаси сите луѓе од умирањето, Зевс го убил со гром. Според друга верзија, Зевс го убил Асклепиј зашто богот на подземјето Плутон му се жалел дека бројот на мртвите луѓе постојано опаѓал.[1] Прославата во негова чест се одржувала еден ден пред дионизиите. Во Стара Грција, Асклепиј бил сметан за бог на медицината: култот имал свој центар во градот Епидаур во Арголида, на брегот на Егејското Море, каде се наоѓал храмот посветен на Асклепиј, а околу него имало згради во кој доаѓале болните од цела Грција.[2]

Негов пандан во римската митологија е богот Ескулап.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Биста на Зевс

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 221.
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 116.