Ираклион
Ираклион Ηράκλειο | |
---|---|
Координати: 35°20′N 25°8′E / 35.333° СГШ; 25.133° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Крит |
Округ | Ираклион |
Управа | |
• Градоначалник | Василис Ламбринос |
Површина | |
• Општина | 244,6 км2 (94,4 ми2) |
• Општ. един. | 109 км2 (42 ми2) |
Најг. вис. | 33 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[1] | |
• Градскo | 211.370 |
• Општ. | 173.993 |
• Општ. густина | 710/км2 (1,800/ми2) |
• Општ. един. | 151.324 |
• Општ. един. густина | 1,400/км2 (3,600/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 70x xx, 71x xx, 720 xx |
Повик. бр. | 281 |
Рег. таб. | HK, HP, HZ |
Мреж. место | https://www.heraklion.gr/ |
Ираклион, Хераклион или Ираклио (грчки: Ηράκλειο, италијански: Candia) — главен град на округот Хераклион во рамките на периферијата Крит. Тоа е најголемиот град во јужниот дел на Грција на нејзиниот најзначаен и најважен остров Крит.
Географска положба
[уреди | уреди извор]Ираклион е сместен на северниот брег на Крит, на бреговите на Егејско Море. Подрачјето на градот е еден низинско за разлика од останатиот ридест дел на Крит и е најпогоден дел на островот за живеење.
Историја
[уреди | уреди извор]Во близина на денешниот Ираклион се остатоците на палатата во Кносос, еден од главните центри на минојската цивилизација, која овде се развивала во 2 милениум п.н.е. Овие остатоци денес претставуваат важно археолошко наоѓалиште. Се верува дека денешната Ираклион во тоа време беше пристаниште на палатата, но понатамошни истражувања не се извршени.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Ираклион, како еден од најголемите градови во Грција, има развиено градски и приградски сообраќај. Градот има важно пристаниште, кое ги поврзува градот со околните острови, како што се Родос, Санторини, но и со Израел и Египет. Патниот сообраќај е развиен и Ираклион е едно од местата на европскиот коридор Е-75. Овој коридор поминува низ сите важни градови на Крит.
Градот има меѓународен аеродром "Никос Казанѕакис", кој се наоѓа на 5 км источно од градот. Тоа е трет најфреквентен аеродром во земјата, благодарение на големиот број туристички одредишта на Крит и околината. Главниот проблем во врска со аеродромот е неговата близина до градот, поради што секојдневно се слуша големата бучава од авионите.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.