Минојска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Минојска Уметност

Минојската уметност почнала да се развива околу 3000г. п.н.е. , а својот врв го достигнала околу 1500г. п..н.е. на грчкиот остров Крит. Најпознати локалитети се: Кносос, Фестос и Агиа Триада.

Минојската цивилизација е една од најбогатите и најнеобичните во Егејскиот свет. Главното божество на минојците било од женски род, а тоа е култот на големата мајка или богинка на плодноста. Минојците не граделе храмови ниту големи култни статуи дури и делата со мали димензии се многу ретки. Ликовите најчесто се полни со живот, фигурите се обоени, со големи очи и карактеристични конусни фустани.
Во третиот милениум п.н.е. минојците биле во контакт со Еѓипjаните и под нивно влијание после 2000 години развиле писмо и градска култура. Името го добиле по легендарниот крал Минос. Минојската уметност е декоративна уметност, со силно чувство за живот, и љубов кон природата што претставува контраст на египетската уметност која се стреми кон озбилност и постојаност.


Архитектура:[уреди | уреди извор]

Минојските градови секогаш се развивале околу големиот комплекс на палати. Археолошките податоци кажуваат дека скоро одеднаш сите палати во 1700г. п.н.е. биле уништени. Еден век покасно повторно се подигнати, но сепак во 1500г. п.н.е. одново се срушени и од тогаш минојската цивилизација повеќе не се опоравила. Се што е сочувано денес потекнува од последниот период кога се развило натуралистичко сликарство. За разлика од Египетските Минојските палати не биле импозантни и не се одликувале со масивна големина. Тие биле градени ниско со многу мали отвори, дворовите меѓусебно биле поврзани со скали. Сите овие простории биле покриени со ниски и рамни тавани кој ги носеле дрвени столбови од греди. Најголема од сите овие палати била Миносовата палата во Кносос. Поради големиот број на простории оваа палата се поврзува со легендарниот лавиринт во кој бил затворен Минотаур. Владетелите на Минојците не биле боини и не ги интересирало за војна, затоа палатите биле градени без одбрамбени ѕидови. На Крит нема утврдувања ниту во бројните теми во уметничките дела.Некој простории во палатите може да се дешифрираат како скалдишта или писарници. Дешифрираните текстови со линеарно Б писмо воглавно се списоци од извештаи. Минојците првенствено биле трговци и морепловци, а некој нивни владетели не биле неприкосновени претставници на богот, туку обични богати луѓе од трговската аристократија. Не се знае точно причината за пропаѓањето на Минојската цивилизација, но се верува дека главна причина е вулканската ерупција на островот Санторини околу 1500г. п.н.е.

Наслов[уреди | уреди извор]

Сликарство: Од сите видови уметност за минојците најзначајно е ѕидното сликарство. Големиот број вакви дела се со сцени од природата на кој се прикажани птици или животни. Исто така се прикажува и присуство на божествените сили и морски животни. Се боело континуирано, цртежот е мек без сенки. Во периодот од 2000 до 1700г. п.н.е. на Крит се јавува познатата грнчарија препознатлива по својата техничка совршеност, спирална орнаментика со апстрактни шари. Подоцна почнале да сликаат теми од растителниот и животинскиот свет: риби школку итн. Попознати дела се :

  • Тореадор околу 1500г. п.н.е.

На една од фреските во палатата во Кносос е претставен акробат кој прескокнува преку бикот и тоа претставува обредна игра. Бикот е голем со импресивна снага и сила, а додека акробатот е со витко тело.

  • Кралскиот мегарон

На оваа фреска има представа на риба и делфин. Оваа слика уште се нарекува и “живот во морето” . Се наоѓа во палатата во Минос на Крит.

  • Ваза со октопод 1500г. п.н.е.

Релјеф:[уреди | уреди извор]

Релјефот во Минојската уметност е работен во штуко декорација. Плиток е и е близок со фреските. Боен е со јаки бои, а сенките се ретки. Најпознат релјеф е “вазата со жетварите”. Долниот дел на вазата е изгубен. На овој релјеф се прикажани витки мускулести мажи како одат еден зад друг и со себе носат некое оружје со долга дршка најверојатно коса. Прикажани се и тројца пеачи како гласно пеат. На овој релјеф посебно е нагласена радоста и физичката напнатост на жетварите.

Вајарство:[уреди | уреди извор]

Скулптурата е со мали размери и е тродимензионална. Минојците работеле и експериментирале со повеќе материјали меќу кои: мермер, печена земја, злато, бронза, еленски рогови итн. Најпознато дело е “Змиската богинка” изработена од фајанс во 1600г. п.н.е. Ова е претстава на женска фигура со тесен струк, фронтален став, бујни гради и широки колкови, сите овие особини се симбол за женственост. Богинката во рацете држи змии и изведува некој ритуал. Змиите кој ги држи се симбол на машката плодност. Исто така многу често оваа скулптура се нарекува и Горгона.