Аристарх

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аристарх Солунски
Христијански маченик
Роден(а) Солун
Починал(а) , Рим
Слава Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим

15 април (по стар стил)

Аристарх — (I в.н.е.), Македонец од Солун, следбеник и близок соработник на апостол Павле. Прв епископ на Солунската христијанска општина.[1]

Го придружувал апостол Павле при неговата посета на Ефес. Солунската црква на апостолот Павле му дала и тројца сотрудници: Секунд – придружник на последното патување (Дела 20:4; 27:2; Кол. 4:10; Филип. 1:24) и „Гај и Аристарх Македонци“ (Дела 19:29).[2] Бил затворен заедно со апостол Павле во Рим, каде што маченички настрадал во време на императорот Нерон.

Во Источната православна црква и источно-католичка традиција, Аристарх е идентификуван како еден од Седумдесетте апостоли и епископ на Апамеја, убиен заедно со Пуд и Трофим.[3] Тој се одбележува како светец и маченик на 4 јануари 15 април и 27 септември. Тој се чествува во римската мартирологија на 4 август.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 44. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Грозданоски, Проф. д-р Ратомир. „Апостол Павле и Македонија“. www.rrgrozdanoski.mk.
  3. „Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим“. denovi.mk.
  4. „Roman Martyrology August, in English“. www.boston-catholic-journal.com.