Просечен (општина)
Општина Просечен Δήμος Προσοτσάνης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Источна Македонија и Тракија |
Округ: | Драма |
Гео. област: | Драмско Поле |
Население: | 16 481 (2001) |
Седиште: | Просечен |
Нас. места: | 22 |
Пошт. бр.: | 662 00 |
Пов. бр.: | 25220-2 |
Портал: | prosotsani.gr |
Просечен или Пресечен (грчки: Δήμος Προσοτσάνης, Димос Просоцанис) — општина во Драмскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Просечен (Пресечен). Сместена е северозападно од градот Драма. Позначајна знаменитост во општината е пештерата Маара (Ангитис) кај изворот на реката Драматица (Ангитис).
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Просечен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на поранешните општини Просечен и Минаре.
Општинска единица Просечен[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината има 11 215 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Просечен
- село Просечен (или Пресечен; Προσοτσάνη, Просоцани) (3 937 жители)
- Општински оддел Боболец
- село Боболец (Πύργοι, Пирги) (318 жители)
- Општински оддел Горенци
- село Горенци (Καλή Βρύση, Кали Вриси) (1 065 жители)
- Општински оддел Граменци
- село Граменци (Γραμμένη, Грамени) (460 жители)
- Општински оддел Калапот
- село Калапот (Πανόραμα, Панорама) (89 жители)
- Општински оддел Крлуково
- село Крлуково (или Карликово; Μικρόπολη, Микрополи) (1 102 жители)
- Општински оддел Кобалиште (779 жители)
- село Кобалиште (или Кобалишта, Кубалишта, Кобалица; Κοκκινόγεια, Кокиногија) (600 жители)
- село Нов Калапот (Αγγίτης, Ангитис) (108 жители) новосоздадено
- село Раменци (или Мезе, Πηγές, Пигес) (71 жител)
- Општински оддел Криводол
- село Криводол (или Егри Дере; Καλλιθέα, Калитеја) (626 жители)
- Општински оддел Плевна (2077 жители)
- Општински оддел Пршово
- село Пршово (или Пршево; Ανθοχώρι, Антохори) (155 жители)
- Општински оддел Ресилово
- село Ресилово (Χαριτωμένη, Харитомени) (607 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓа и напуштеното село Кочан (Κοντσάν, Коцан).
Општинска единица Минаре[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Минаре (Δήμος Σιταγρών) се седиште во Фотилово (Фотоливос) има 5 266 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Фотилово
- село Фотилово (или Сачивен; Φωτολίβος, Фотоливос) (1817 жители)
- Општински оддел Голак
- село Голак (Περιχώρα, Перихора) (361 жител)
- село Голачки манастир „Св. Мина“ (Άγιος Μηνάς) (5 жители)
- Општински оддел Голем Сивендрик
- село Голем Сивендрик (или Г. Севендрик, Г. Семендрик; Μεγαλόκαμπος, Мегалокамбос) (427 жители)
- Општински оддел Каракавак
- село Каракавак (Μαυρολεύκη, Мавролевки) (563 жители)
- Општински оддел Мал Сивендрик
- село Мал Сивендрик (или М. Севендрик, М. Семендрик; Μικρόκαμπος, Микрокамбос) (340 жители)
- Општински оддел Минаре
- село Минаре (Σιταγροί, Ситагри) (998 жители)
- Општински оддел Чал
- село Чал (Αργυρούπολη, Аргируполи) (755 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|