Кефалонија
Кефалонија Κεφαλονιά Kefaloniá | |
---|---|
Округ | |
Асос, Кефалонија | |
Кефалонија меѓу Јонските Острови | |
Округ | Јонски Острови |
Седиште | Аргостоли |
Управа | |
• градоначалинк | Александрос Парисис |
Површина | |
• Вкупна | 786,58 км2 (303,70 ми2) |
• Земјишна | 773 км2 (298 ми2) |
Целосната површина ги содржи другите острови кои се дел од округот Кефалонија | |
Население (2011) | |
• Вкупно | 35.801 |
• Густина | 46/км2 (120/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски број | 280 xx |
Повикувачки број | 267x0 |
Регистарски код | ΚΕ |
Мреж. место | kefallonia.gov.gr |
Кефалонија (грчки: Κεφαλλονιά, Κεφαλονιά) е грчки остров кој припаѓа на Јонските острови. Ова е најголемиот остров во архипелагот во кој спаѓа. На административна поделба на Грција, Кефалонија припаѓа на истоимената област. Главен град и најголемo место на целиот остров и на префектурата е Аргостоли.
Округот Кефалонија е основан во 2011 година на местото на поранешната префектура. Се состои од една општина, општината Кефалонија, која го вклучува островот Кефалонија и околните острови и корални гребени. Зафаќа површина од 781 км2 и население од 37.000.
Историја
[уреди | уреди извор]Се верува дека островот е наречен според митолошката фигура Кефалус, кој му помогнал на Амфитрион од Микена во војната против Тафијците и Телебоите. За возврат добил остров.[1]
Кефалонија била сметана за Хомеровата Итака, домот на Одисеј, а не островот кој денес го има тоа име. Роберт Битлстоун сметал дека полуостровот Палики за време на бронзеното доба бил посебен остров, и дека токму тој дел од Кефалонија бил островот Итака на Хомер.[2]
Среден век
[уреди | уреди извор]За време на средниот век, островот бил центар на византиската управна единица тема Кефалонија до 1185 година.[3] По 1185 година, островот влегол во состав на Кралство Сицилија, а кога последниот владетел Леонардо III Токо бил поразен, островот го освоиле Отоманците во 1479 година.[4] Турците го изгубиле островот во 1500 година, кога Кефалонија по Отоманско-венецијанската војна,[4] станал дел од Венецијанската Република. Со Кампоформискиот мировен договор било побарано од Венецијанската Република да ги предаде Јонските Острови на Франција.
Во 1596 година Венецијанците ја изградиле тврдината Асос, која денес е туристичка атракција. Од 16 до 18 век островот бил најголем извозник на бобинките налик на грозје, Коринтски рибизли, заедно со Закинтос, и имал голема флота. Населените места биле градени главно на повисоко, поради напади од пирати кои пловеле по Јонското Море во текот на 1820-те години.
Британско владеење
[уреди | уреди извор]Во 1798 година, Французите биле приморани владеењето со островот Кефалонија да го препуштат на руските и турските флоти. Од 1799 до 1807 година, островот Кефалонија бил дел од Републиката на седум острови, под Отоманското Царство, но заштитени од Русија.
Во 1807 година, Јонските Острови биле вратени на Франција, но во септември 1809 година Велика Британија ги презела островите. Со Парискиот договор од 1815 година било решено дека Кефалонија станува британски протекторат. По неколку години се формирала група на отпор, која на почеток ги поддржувала Грците во борбата за независност од Турција, а подоцна се свртела против Британците. До 1848 година движењето на отпорот учествувало во престрелки со британската армија во Аргостоли и Ликсури, што довело до полиберални закони како и слобода на печатот. Сепак, движењето на отпорот имало за цел спојување со Грција, што се случило во 1864 година кога британскиот принц Вилијам од Данска станал првиот крал на Елините.
Обединување со Грција
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна, островот Кефалонија бил окупиран од силите на Оската. До 1943 година, окупатори биле претежно Италијанци (околу 12.000 војници) и мал број на Германци (околу 2.000).
Во август 1953 година серија на земјотреси го погодиле островот и предизвикале големи штети. Најсилниот земјотрес се случил на 12 август 1953 во 11:24 по месно време, со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.
Население
[уреди | уреди извор]Населението во 1896 година изнесувало околу 70.000 жители, а на пописот во 2011 - 35.801 жители.[5]
Година | Население |
---|---|
1879 | 68,321[6] |
1896 | 70,077[7] |
1920 | 55,030[8] |
1940 | 58,437[9] |
1961 | 39,793[10] |
1981 | 41,319[11] |
2001 | 34,544[12] |
2011 | 35,801[5] |
Клима
[уреди | уреди извор]Кефалонија има топли и сончеви лета и благи дождливи зими. Во зима може да има снег на повисоките врвови, со просечно 156 mm дожд. Во лето има многу малку или воопшто нема дожд.
Климатски податоци за Argostoli (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 14.3 (57.7) |
14.1 (57.4) |
15.7 (60.3) |
18.5 (65.3) |
22.9 (73.2) |
27.0 (80.6) |
29.5 (85.1) |
29.9 (85.8) |
26.9 (80.4) |
23.5 (74.3) |
19.0 (66.2) |
15.5 (59.9) |
21.5 (70.7) |
Сред. дневна °C (°F) | 11.3 (52.3) |
11.1 (52) |
12.3 (54.1) |
14.9 (58.8) |
19.7 (67.5) |
22.6 (72.7) |
25.1 (77.2) |
25.7 (78.3) |
23.0 (73.4) |
19.9 (67.8) |
15.9 (60.6) |
12.6 (54.7) |
17.8 (64) |
Прос. ниска °C (°F) | 8.3 (46.9) |
8.0 (46.4) |
9.0 (48.2) |
11.2 (52.2) |
14.5 (58.1) |
18.2 (64.8) |
20.6 (69.1) |
21.6 (70.9) |
19.1 (66.4) |
16.3 (61.3) |
12.8 (55) |
9.7 (49.5) |
14.2 (57.6) |
Прос. дожд мм (ин) | 93.1 (3.665) |
100.0 (3.937) |
66.6 (2.622) |
49.7 (1.957) |
20.4 (0.803) |
10.5 (0.413) |
1.3 (0.051) |
5.6 (0.22) |
31.3 (1.232) |
94.7 (3.728) |
155.9 (6.138) |
150.0 (5.906) |
779.1 (30.672) |
Прос. бр. дождливи денови (≥ 1.0 mm) | 9 | 9 | 9 | 5 | 3 | 1 | 0 | 1 | 3 | 7 | 11 | 12 | 70 |
Извор: meteo-climat-bzh[13] |
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Морските мелници на заливот Аргостоли (1849)
-
Централниот плоштад на Ликсури, 1910 г.
-
Црква во руски стил, Антипата
-
Фасада на евангелистичка црква
-
Пештера Дрогарати
-
Пристаништето Аргостоли
-
Улица во Фрискардо
-
Асос
-
Камбанаријата на манастирот Свети Герасим
-
Црква Света Марина
-
Салата од Кефалонија (локално име „Писара“)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Robert L. Fowler, 'The myth of Kephalos as aition of rain-magic' (Pherekydes FrGHist 3F34), in Zeitschrift für Papyrologie und Epigraphik 97 (1993), pp. 29–42
- ↑ Gatopoulos, Derek (March 27, 2007). „Engineers to Help Find Homer's Ithaca“. USA Today, Associated Press. Посетено на 2007-03-28.
- ↑ Harrison, Dr. David (December 2013). „The Hidden Mysteries of Kefalonia; Crusaders, Byzantium and Venetians“ (PDF). Knight Templar Magazine. стр. 25–27. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-09. Посетено на 3 November 2018.
- ↑ 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеEB1911
. - ↑ 5,0 5,1 Detailed census results 2011 Архивирано на 25 декември 2013 г. (грчки)
- ↑ „Detailed census results 1879“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-25. (145 MB) (грчки) (француски)
- ↑ „Detailed census results 1896“ (PDF). (53 MB) (грчки) (француски)
- ↑ „Detailed census results 1920“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-30. (88 MB) (грчки) (француски)
- ↑ „Detailed census results 1940“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-24. (47 MB) (грчки) (француски)
- ↑ „Detailed census results 1961“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-24. (35 MB) (грчки) (француски)
- ↑ „Detailed census results 1981“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-04. (13 MB) (грчки)
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
- ↑ „moyennes 1981/2010“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кефалонија“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Kefalonia. |
|