Отоманско-венецијанска војна (1499–1503)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отоманско-венецијанска војна
Дел од Отоманско-венецијански војни
Датум 1499–1503
Место Јадранско Море, Јонско Море и Егејско Море
Исход Османлиска победа
Територијални
промени
Османлиите ги зазеле Модон и Корон
Завојувани страни
 Венецијанска Република


Кастиња и Арагон

 Османлиско Царство


Втората османлиско-венецијанска војна се водела помеѓу Отоманското Царство и Република Венеција за контрола на териториите кои биле оспорени меѓу двете страни во Егејско Море, Јонско Море и Јадранско Море. Војната траела во периодот од 1499 до 1503 година.

Османлиите под команда на адмиралот Кемал Рејс издвојувале победа и ги принудиле на Венецијанците да ги признаат своите добивки во 1503 година.

Конфликт[уреди | уреди извор]

1499[уреди | уреди извор]

Во јануари 1499 година, Кемал Рејс отпловил од Цариград со сила од 10 галии и 4 други типови на бродови, а во јули 1499 година се пресретнал со огромната отоманската флота и ја презел командата со цел да се отпочне големи војна против Венецијанската Република. Отоманската флота била составена од 90 галии и околу 200 помали садови. Во август 1499 Кемал Рејс ја победил венецијанската флота под команда на Антонио Гримани во Битката кај Наварино. Тоа била првата поморска битка во историјата со топови користени од бродови, а се одржала на четири одделни дена: на 12, 20, 22 и 25 август 1499. По преместувањето во Јонско Море, Кемал Рејс наишол на венецијанска флота од 47 галии и околу 100 помали садови под команда на Антонио Гримани во близина на Кејп Зонкио кај Наварин и издвоил значајна победа. За време на битка Антонио Гримани бил уапсен на 29 септември, но на крајот бил ослободен. Гримани подоцна станал Дужд на Венеција во 1521.

Во истиот период започнале и отоманските напади кон внатрешноста на Далмација[1].

1500[уреди | уреди извор]

Во декември 1499 Венецијанците го нападнале Лепанто со надеж за враќање на нивните изгубени територии во Јонското Море. Кемал Рејс отпловил од Кефалонија и повторно се упатил кон Лепанто. Тој останал во Лепанто меѓу април и мај 1500 година, каде што неговите бродови биле поправени од страна на армијата од 15.000 отомански занаетчии. Од таму Кемал Рејс отпловил и започнал со бомбардирања на венецијанските пристаништа на островот Крф, а во август 1500 тој повторно ја победил венецијанската флота во Битката кај Модон.

Во следниот период биле заземени островите Модон и Корон по кое следувала католичка помош за Венеција.

1501-1503[уреди | уреди извор]

Отоманските упади во Далмација ескалирале до точка каде што Венеција била принудена да потпише договор со Владислав II од Унгарија и Папа Александар VI.[1] според кој тие ветиле 140.000 дукати годишно за Кралството Унгарија за активно да ги брани своите јужни хрватски територии, До крајот на 1502, Венеција и Османлиското Царство се согласиле за примирје. На 31 јануари 1503 Венеција потпишала друг договор со Владислав II каде платила дополнителни 30.000 дукати.

Во 1503 година Османлиите ги достигнале венецијанските територии во Северна Италија, и Венеција била принудена да ги признае отоманските освоени територии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Raukar, Tomislav (October 1990). „Hrvatska na razmeđu XV i XVI. stoljeća“. Journal - (хрватски). Senj, Croatia: City Museum Senj - Senj Museum Society. 10 (1): 9. ISSN 0582-673X. Посетено на 2012-07-08.