Драмско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик на загинатите во востанието во Драма

Драмско востаниевостание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарската власт под раководство на Комунистичката партија на Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души [1].

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968