Лахна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лахна
Λαχανάς
Лахна is located in Грција
Лахна
Лахна
Координати: 40°58′N 23°12′E / 40.967° СГШ; 23.200° ИГД / 40.967; 23.200Координати: 40°58′N 23°12′E / 40.967° СГШ; 23.200° ИГД / 40.967; 23.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000582000000582 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно542
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Лахна (грчки: Λαχανάς, Лаханас, до 1927 Лахна)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадин) на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 582 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Лахна е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 860 жители Турци[3].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 730 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 617 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Лаханас.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 608 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 950 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 2311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 978 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 625 жители, додека во 1991 година имало 646 жители[7]. Денеска, населението на селото е 542 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 950 2311 978 492 625 646 542 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]