Нова Севастија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нова Севастија
Τούμπα
Нова Севастија is located in Грција
Нова Севастија
Нова Севастија
Местоположба во областа
Нова Севастија is located in Лагадина (општина)
Нова Севастија
Местоположба на Нова Севастија во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.34′N 23°20.55′E / 40.87233° СГШ; 23.34250° ИГД / 40.87233; 23.34250Координати: 40°52.34′N 23°20.55′E / 40.87233° СГШ; 23.34250° ИГД / 40.87233; 23.34250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Население (2011)[1]
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нова Севастија (грчки: Νέα Σεβάστεια, Неја Севастија) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало високо во северозападните разграноци на Богданска Планина (дел на пл. Турава), на 7 км северно од с. Сухо и југозападно од Нигрита.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано во 1922 г. од Грци доведени од областа Сивас (Севастија) во Мала Азија. За првпат официјално е заведено како населено место во пописот од 1940 г. со 293 жители. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило.[2] Нешто подоцна населението се вратило, така што во 1961 г. Нова Севастија имала 325 жители.

Сепак, во текот на тоа десетлетие населението масовно се иселило во градовите поради неповолните услови за живот, па во 1971 г. се свело на само 22 жители.[2] Малку подоцна, во текот на 1970-тите и последните жители си заминале, па селото е отпишано во 1981 г.

Денес од селото е останата единствено црквата „Св. Ѓорѓи“ и училишната зграда, која е обновена.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 295. 
  3. Нова Севастија на порталот на општината Лагадина (грчки)