Граничево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Граничево
Κρυονέρι
Граничево is located in Грција
Граничево
Граничево
Местоположба во областа
Граничево is located in Лагадина (општина)
Граничево
Местоположба на Граничево во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 23°16′E / 40.800° N; 23.267° E / 40.800; 23.267Координати: 40°48′N 23°16′E / 40.800° N; 23.267° E / 40.800; 23.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000603000000603 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно901
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Граничево или Гранич (грчки: Κρυονέρι, Крионери , до 1927 Γκερμίτς Гермиц)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри од градот Лагадин (Лагадин) на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 603 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Граничево е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Грамничево во 1900 година имало 700 жители Турци[3].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Крионери.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κρυονέρι
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117.
  5. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971