Ново Село (Лагадинско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Κριθιά
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село is located in Лагадина (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 22°59′E / 40.833° СГШ; 22.983° ИГД / 40.833; 22.983Координати: 40°50′N 22°59′E / 40.833° СГШ; 22.983° ИГД / 40.833; 22.983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000216000000216 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.380
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ново Село или Ени Ќој (грчки: Κριθιά, Критија, до 1927 Γενή Κιόι, Ени Ќој)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри северозападно од градот Лагадин (Лагадина). Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Ново Село припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 36 семејства со 164 жители Македонци[3][4]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 120 Грци и работело грчко училиште[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било прекрстено во Критија.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κριθιά
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154 - 155.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971