Тумба (Лагадинско)
Тумба Τούμπα | |
---|---|
Координати: 40°41.0′N 23°5.0′E / 40.6833° СГШ; 23.0833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Надм. вис. | 95 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Тумба (грчки: Τούμπα) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, крај утоката на р. Богдана, а 3 км западно од селото Свети Васил.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тумба (Toumba) била село со 15 домаќинства од 74 жители Грци.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Тумба живееле 220 жители, сите Грци христијани.[3]
По податоци на секретарот на Бугарската егзаргија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Тумба (Toumba) имало 210 Грци.[4]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Согласно Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Се смета дека тоа настрадало во Балканските војни бидејќи истата година е заведено како напуштено.[5] Сепак, во текот на тоа десетлетие населбата е обновена, бидејќи 1920 г. во Тумбас се попишани 54 жители. Во 1928 г. населението се намалило на 38 жители, а нешто подоцна населението сосема го напуштило поради маларичноста на тој предел и се преселило во соседното Каваларци.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 300–301.
|