Негован (Лагадинско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За селото во Леринско види Негован (Леринско)

Негован
Ξυλόπολη
Негован is located in Грција
Негован
Негован
Координати: 40°55′N 23°10′E / 40.917° СГШ; 23.167° ИГД / 40.917; 23.167Координати: 40°55′N 23°10′E / 40.917° СГШ; 23.167° ИГД / 40.917; 23.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000571000000571 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.381
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Негован (грчки: Ξυλόπολη, Ксилополи, до 1927 Λιγκοβάνη Ликовани)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 571 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Негован е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Негован се состоело од 230 семејства со 130 муслимани и 924 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Негован имало 2.240 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 1544 македонски егзархисти и 1072 македонски патријаршисти[3][6]. Во селото работело и грчко училиште.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 759 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 851 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било прекрстено во Ксилополи.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 914 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1091 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1150 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1258 жители, во 1971 година имало 98 жители, во 1981 година имало 1314 жители, додека во 1991 година имало 1227 жители[10]. Денеска, населението на селото е 1381 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1091 1150 1258 998 1314 1227 1381 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Ξυλόπολη
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 110. 
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. Folketeljing 2011, revidert