Загливер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Загливер
Ζαγκλιβέρι
Црквата Свети Ѓорѓи
Црквата Свети Ѓорѓи
Загливер is located in Грција
Загливер
Загливер
Местоположба во областа
Загливер is located in Лагадина (општина)
Загливер
Местоположба на Загливер во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 23°17′E / 40.567° СГШ; 23.283° ИГД / 40.567; 23.283Координати: 40°34′N 23°17′E / 40.567° СГШ; 23.283° ИГД / 40.567; 23.283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000207000000207 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.169
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Загливер (грчки: Ζαγκλιβέρι, Загливери) — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадина), на 45 килиметри југоисточно од Солун (Тесалоники), во северниот дел на Халкидики, во северното подножје на планината Хортач[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 207 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Света Акилина

Се смета дека населбата претставува една од најстарите во регионот, која била подигната уште во 2 век п.н.е. од страна на грчки колонисти[3].

Во 1764 година, жителката на селото Акилина Загливерска ја прифатила маченичката смрт и денес нејзината родна куќа е музеј, а од 23 до 27 септември се одржува фестивалот Акилинија.

Во 19 век Загливер е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 260 жители Турци и 900 Грци[4].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 575 Грци и работеле две грчки училишта[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1820 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1812 жители[3]. Поради тоа, селото претставува едно од најголемите села во околината и претставува културен центар на уште 14 околни села[3].Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 2707 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 2718 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 2482 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2081 жител, во 1971 година имало 2376 жители, во 1981 година имало 2199 жители, додека во 1991 година имало 2302 жители[7]. Денеска, населението на селото е 2169 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2718 2482 2081 2376 2199 2302 781 2169
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Светогорска икона на Света Акилина од 1904 година
Родени во Загливери

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. http://www.im-ierissou.gr/index.php/login/2013-08-14-16-19-29/88-2013-12-04-11-25-47
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Folketeljing 2011, revidert
  8. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.46
  9. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.46
  10. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.46