Сухо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сухо
Σοχός
Црквата Свети Илија
Црквата Свети Илија
Сухо is located in Грција
Сухо
Сухо
Местоположба во областа
Сухо is located in Лагадина (општина)
Сухо
Местоположба на Сухо во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°49′N 23°22′E / 40.817° СГШ; 23.367° ИГД / 40.817; 23.367Координати: 40°49′N 23°22′E / 40.817° СГШ; 23.367° ИГД / 40.817; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно2.920
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сухо (грчки: Σοχός, Сохос, до 1940 Σωχός)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри североисточно од градот Лагадин (Лагадина) и на 45 килиметри северно од Солун (Тесалоники), на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 630 метри. Црквата во селото е посветена на Свети Илија и била изградена во 1750 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 550 семејства и 409 жители муслимани и 1766 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 3600 жители од кои 2600 Македонци и 1000 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 96 македонски егзархисти и 4704 македонски патријаршисти [3][6].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 3570 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 3408 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 3694 жители.[8], додека во 1940 година селото броело 4082 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 3861 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 3947 жители, во 1971 година имало 3459 жители, во 1981 година имало 2925 жители, додека во 1991 година имало 3423 жители[9]. Денеска, населението на селото е 2920 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 4082 3861 3947 3459 2925 3423 2920 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Σοχός
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 115. 
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Folketeljing 2011, revidert