Прејди на содржината

Гирево

Координати: 40°34′N 23°21′E / 40.567° СГШ; 23.350° ИГД / 40.567; 23.350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гирево
Μεσόκωμο
Гирево is located in Грција
Гирево
Гирево
Местоположба во областа
Гирево во рамките на Лагадина (општина)
Гирево
Местоположба на Гирево во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 23°21′E / 40.567° СГШ; 23.350° ИГД / 40.567; 23.350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаКалиндија
Надм. вис.&10000000000000216000000216 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно51
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Гирево (грчки: Μεσόκωμο, Месокомон; до 1927 г. Γκερέν, Герен[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 51 жител (2021).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, јужно од Бешичкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Гирево е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители Турци[3].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Месокомон.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 193 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 216 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 278 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 255 жители, во 1971 година имало 146 жители, во 1981 година имало 88 жители, додека во 1991 година имало 134 жители[7]. Денеска, населението на селото е 62 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 216 278 255 146 88 134 62 62 51
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Гирево
  • Николаос Проподис — андарт[8]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μεσόκωμο
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 95.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.
  8. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 60