Кариѓол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кариѓол
Μακροχώρι
Кариѓол is located in Грција
Кариѓол
Кариѓол
Координати: 40°33′N 23°22′E / 40.550° СГШ; 23.367° ИГД / 40.550; 23.367Координати: 40°33′N 23°22′E / 40.550° СГШ; 23.367° ИГД / 40.550; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000216000000216 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно800
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Кариѓол (грчки: Καλαμωτό, Каламото̀, до 1927 Καργή Γκιόλ, Кариѓол)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина (Лагадин), источно од Солун и јужно од Бешичкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Крај селото се наоѓаат урнатините на древномакедонскиот град Калиндија. Ископувањата откриле статуи, натписи, погребни столбови, монети, фигури и слично. Денеска овие предмети се изложени во посебна сала во Археолошкиот музеј на Солун. Во античкиот град била откриена и административната зграда Севастион со вкупна должина од 70 метри. Зградата вклучуваа храм на Зевс и булето на градот.

Во 19 век Кариѓол е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја, како чисто турско село. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 280 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 326 жители[3]. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Каламото̀.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 358 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 500 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 564 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 583 жители, во 1971 година имало 736 жители, во 1981 година имало 719 жители, додека во 1991 година имало 635 жители[6]. Денеска, населението на селото е 800 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 500 564 583 736 719 635 800 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]