Ајвалакдере

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајвалакдере
Πέντε Βρύσες
Ајвалакдере is located in Грција
Ајвалакдере
Ајвалакдере
Местоположба во областа
Хаџи Маала is located in Лагадина (општина)
Хаџи Маала
Местоположба на Хаџи Маала во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°13′E / 40.967° СГШ; 23.217° ИГД / 40.967; 23.217Координати: 40°58′N 23°13′E / 40.967° СГШ; 23.217° ИГД / 40.967; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000507000000507 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно61
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ајвалакдере (грчки: Κυδωνιά, Кидонија, до 1928 Αϊβαλίκ Δερέ Μαχαλάδες, Ајвалакдере Махаладес)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадин) на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 507 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Ајвалакдере е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 624 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 79 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Кидонија.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 150 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 195 жители.

Селото во пописот од 1951 година било евидентирано како напуштена населба, на пописот од 1961 година, во селото живееле 115 жители, во 1971 година имало 5 жители, во 1981 година имало 31 жител, додека во 1991 година имало 80 жители[8]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 195 / 115 5 31 80 61 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κυδωνιά
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89. 
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Folketeljing 2011, revidert