Зарово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зарово
Νικόπολη
Зарово is located in Грција
Зарово
Зарово
Координати: 40°53′N 23°10′E / 40.883° СГШ; 23.167° ИГД / 40.883; 23.167Координати: 40°53′N 23°10′E / 40.883° СГШ; 23.167° ИГД / 40.883; 23.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000652000000652 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно315
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Зарово (грчки: Νικόπολη, Никополи, до 1927 Ζάροβα, Зарова)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадина) и на 30 килиметри северно од Солун (Тесалоники), во западниот дел на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Зарово е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Уште во 1892 година започнало големото влијание на Бугарската Егзархија[3]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 212 семејства со 945 жители Македонци[4][5] Во учебните години 1881 - 1882 и 1882 - 1883, Бугарската Егзархија имала учител во селото.[6]. Во 1881 година иконата на Кирил и Методиј во црквата Свети Илија во селото била направена од познатиот зограф Крсте Николов[7].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1500 жители Македонци[4][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 1896 македонски егзархисти и работело егзархиско училиште[4][9].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[10], опожарено и разрушено до темел. Жителите на селото започнале да бегаат кон северните делови на земјата. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се води како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 380 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било прекрстено во Никополи.[11]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 499 жители.[12], додека во 1940 година селото броело 674 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 576 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 592 жители, во 1971 година имало 232 жители, во 1981 година имало 196 жители, додека во 1991 година имало 277 жители[13]. Денеска, населението на селото е 315 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 674 576 592 232 196 277 315 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Зарово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Νικόπολη
  3. Попстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 40.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  6. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.
  7. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 244. 
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 100. 
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  13. Folketeljing 2011, revidert
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 207.
  15. 15,0 15,1 Попстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 49.
  16. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 264.
  17. „Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 178 (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель - „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“
  18. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 189 - 190.
  19. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.714.
  20. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.60
  21. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.60
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 137.
  23. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 32.