Петар Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Зарово, Егејска Македонија
Починал 2 декември 1895
Софија, Бугарија

Петар Димитров бил македонски просветен деец.

Петар Димитров е роден во село Зарово, Солунско. Тој е познат и како Петар Солунски. Во околу 1864 година станал грчки свештеник во Сер, но набрзо се определил за борба против грцизмот. Соработувал со Стефан Верковиќ. Благодарение на неговата лична ангажираност, Солунската општина развила широка духовна и културно-просветна активност. По негова заслуга во Солун на 11 мај 1873 за првпат го празнувале денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Негова главна преокупација била да создаде независна македонска црковна институција, заради што во еден период бил приврзаник на унијатското движење во Македонија. Под притисокна големобугарската пропаганда се откажал од унијатството и станал свештеник на Егзархијата. Одреден краток период во време на Руско-турската војна 1877-1878 г., бил уапсен од турските власти и затворен во Мала Азија. По ослободувањето емигрирал во Бугарија и бил свештеник во Софија, каде и починал на 2 декември 1895 година[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 2.