Хаџи Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хаџи Маала
Πέντε Βρύσες
Хаџи Маала is located in Грција
Хаџи Маала
Хаџи Маала
Местоположба во областа
Хаџи Маала is located in Лагадина (општина)
Хаџи Маала
Местоположба на Хаџи Маала во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 23°9′E / 40.800° СГШ; 23.150° ИГД / 40.800; 23.150Координати: 40°48′N 23°9′E / 40.800° СГШ; 23.150° ИГД / 40.800; 23.150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000322000000322 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно757
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Хаџи Маала (грчки: Πέντε Βρύσες, Пенде Врисес , до 1927 Χατζή Μαχαλέ, Хаѕи махале)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадин (Лагадин) на Богданската Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 452 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Хаџи Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 178 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 328 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Пенде Врисес.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 134 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 260 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 288 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 318 жители, во 1971 година имало 28 жители, во 1981 година имало 317 жители, додека во 1991 година имало 344 жители[8]. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 260 288 318 218 317 344 322 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Πέντε Βρύσες
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117. 
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Folketeljing 2011, revidert