Љангавич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љангавич
Λαγκαδίκια
Љангавич is located in Грција
Љангавич
Љангавич
Координати: 40°38′N 23°14′E / 40.633° СГШ; 23.233° ИГД / 40.633; 23.233Координати: 40°38′N 23°14′E / 40.633° СГШ; 23.233° ИГД / 40.633; 23.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000134000000134 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно729
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Љангавич (грчки: Λαγκαδίκια, Лангадикија, до 1927 Љангавич)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадин) во југоисточниот дел од Лагадинско Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 134 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Хаџи Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Турци[3].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 180 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Лангадикија.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 647 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 779 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 881 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 941 жител, во 1971 година имало 750 жители, во 1981 година имало 637 жители, додека во 1991 година имало 697 жители[7]. Денеска, населението на селото е 729 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 779 881 941 750 637 697 729 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]