Ардамери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ардамери
Αρδαμέρι
Ардамери is located in Грција
Ардамери
Ардамери
Координати: 40°35′N 23°11′E / 40.583° СГШ; 23.183° ИГД / 40.583; 23.183Координати: 40°35′N 23°11′E / 40.583° СГШ; 23.183° ИГД / 40.583; 23.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000249000000249 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно308
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ардамери (грчки: Αρδαμέρι, Ардамерион) — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадин) во јужниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата во средниот век го имала името Еркула (Ἕρκουλα). Се споменува во 943 година како седиште на епископија со епископ Јован.

Во 19 век Ардамери е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Грци[2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 500 Грци[3].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 628 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 555 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 513 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 738 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 831 жител, во 1971 година имало 474 жители, во 1981 година имало 339 жители, додека во 1991 година имало 636 жители[6]. Денеска, населението на селото е 308 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 738 831 / 474 339 636 308 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]