Свети Васил (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Васил
Λαγκαδίκια
Свети Васил is located in Грција
Свети Васил
Свети Васил
Координати: 40°39′N 23°6′E / 40.650° СГШ; 23.100° ИГД / 40.650; 23.100Координати: 40°39′N 23°6′E / 40.650° СГШ; 23.100° ИГД / 40.650; 23.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&1000000000000007700000077 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.275
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Свети Васил или Ајвасил (грчки: Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос, до 1927 Ајвасил)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин (Лагадин) во јужниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селото има зачувано византиска кула, висока 15 метри која била изградена во 14 век, која најверојатно не служела за заштита на селото, туку била поврзана со испорака на стоки од рибарството и земјоделството кои доаѓале од езерото и околните плодни области. Според традицијата кулата и селото го носеле името на византискиот император Василиј I Македонец од 9 век[3].

Во 19 век Свети Васил е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 40 семејства со 178 жители Грци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители Грци[5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 200 Грци[6].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 198 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 582 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било прекрстено во Василудион.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 767 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1059 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1251 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1247 жители, во 1971 година имало 1051 жител, во 1981 година имало 1026 жители, додека во 1991 година имало 1139 жители[10]. Денеска, населението на селото е 1275 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1059 1251 1247 1051 1026 1139 1275 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα --Λαγκαδίκια
  3. Δήμος Λαγκαδά
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89. 
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. Folketeljing 2011, revidert