Геракари
Геракари Γερακαρού | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°35′N 23°12′E / 40.583° СГШ; 23.200° ИГДКоординати: 40°35′N 23°12′E / 40.583° СГШ; 23.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 136 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.293 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Геракари (грчки: Γερακαρού, Јеракару) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 136 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Геракари е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство, со алтернативно турско име Доганџи. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 45 семејства со 146 жители муслимани и 52 Грци[2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 115 Грци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
Култрни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век
- Црква „Рождество на Пресв. Богородица“ од XX век — парохиска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
|