Сирачево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сирачево
Περιβολάκι
Сирачево is located in Грција
Сирачево
Сирачево
Координати: 40°45′N 23°1′E / 40.750° СГШ; 23.017° ИГД / 40.750; 23.017Координати: 40°45′N 23°1′E / 40.750° СГШ; 23.017° ИГД / 40.750; 23.017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&1000000000000009600000096 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно841
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сирачево (грчки: Περιβολάκι, Приволаки, до 1927 Σαράτσι, Сираци)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 3 километри западно од градот Лагадин (Лагадина) во Лагадинско поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 96 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Сирачево е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци[3][4].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 288 македонски гркомани и работело грчко училиште[3][5].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 104 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 310 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било прекрстено во Приволаки.[7]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 568 жители.[8], додека во 1940 година селото броело 761 жител.

Селото во пописот од 1951 година броело 805 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 822 жители, во 1971 година имало 752 жители, во 1981 година имало 754 жители, додека во 1991 година имало 950 жители[9]. Денеска, населението на селото е 841 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 761 805 822 752 754 950 841 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Περιβολάκι
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 113. 
  7. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Folketeljing 2011, revidert