Отманли Маала
Отманли Маала Μαυρορράχη | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°51′N 23°6′E / 40.850° СГШ; 23.100° ИГДКоординати: 40°51′N 23°6′E / 40.850° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 652 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 63 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Отманли Маала (грчки: Μαυρορράχη, Маврорахи, до 1927 Οτμανλή Μαχαλάδες Отманли Махаладес[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Отманли Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Турци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврорахи.[5].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μαυρορράχη
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
|