Лагадина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лагадина
Λαγκαδάς
Поглед на Лагадина и околината од воздух
Поглед на Лагадина и околината од воздух
Лагадина is located in Грција
Лагадина
Лагадина
Координати: 40°45.11′N 23°04.05′E / 40.75183° СГШ; 23.06750° ИГД / 40.75183; 23.06750Координати: 40°45.11′N 23°04.05′E / 40.75183° СГШ; 23.06750° ИГД / 40.75183; 23.06750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Заедница
 • Население7764
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00

Лагадина или Лагадин (грчки: Λαγκαδάς) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Лагадина на Солунскиот округ на Централна Македонија, Грција. Населението брои 7.764 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во средиштето на Лагадинско Поле на север од Лагадинското Езеро и 20 км североисточно од Солун. Лежи на надморска височина од 110 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека името потекнува од старословенскиот поим „лѫгъ“ (лонг), со значење влажно шумовито место.[3]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Биста од III век од околината на Лагадина, денес во Археолошкиот музеј во Солун.

Во март 1430 г. султанот Мурат II се сместил во Лагади оттукатука го раководел последниот јуриш, заземајќи го градот по долгата осумгодишната опсада.[4]

Лагадина била чисто македонска населба, но состојбата почнала бргу да се менува кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Лагадина имало 150 домаќинства со 614 жители, од кои 493 Македонци и 121 жители муслимани [Турци].[5][6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Лагадна живееле 1.500 Македонци [5]христијани, 525 Турци, 15 Евреи и 250 Роми.[7] Понатаму К’нчов објаснува дека македонското население на Лагадина и Лагиново било изложено на погрчување и во нив машкото население било двојазично. Во многу семејства грчкиот јазик се натурил преку бракови со грчки жени од селата околу Бешичкото Езеро.[8]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лагадина живееле 800 Македонци[5] под врховенството на Цариградската патријаршија и 500 Грци, но Тодор Симовски смета дека ова е претерано, наведувајќи го Милош Милоевиќ, кој во својот патопис го опишал како место со 350 куќи, од кои 300 им припаѓале на погрчени словени.[2] Дека Грчката пропаганда била исклучително силна сведочи фактот што во паланката работеле две грчки училишта.[9] Сепак, Според Анастасија Каракасиду, кон крајот на османлиското владеење Лагадина било претежно „словенојазично“ место.[10]

И покрај поволната местоположба, Лагадина не можела да се развие во поголем град поради близината до Солун.[2] За време на Првата балканска војна градот бил окупиран од Бугарите и на чело на Лагадинската околија е поставен бугароманскиот проврховистички деец Михаил Думбалаков од Сухо[11]. Подоцна Лагадина е заземена од грчката војска, која ги истерала Бугарите.[12]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Лагадина е припоена кон грчката држава. Истата година паланката имала 2.500 жители.[13] Во 1920 г. населението се накачило на 3.327 жители поради сместување на доселенички семејства.[2] Во 1924 г. малубројните преостанати Турци се иселиле во Турција според Лозанскиот договор, а на нивно место грчките власти довеле уште 2.040 Грци доселеници. Во 1928 г. Лагадина е заведена како паланка со 5.152 жители, од кои 2.193 (568 семејства) биле доселеници.[14]

За време на Втората светска војна, германскиот окупатор ги ликвидирал сите 200 Евреи од Лагадина, кои се занимавале претежно со трговија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Наглото зголемување на жителите во 1951 г. се должи на насобраните евакуирани жители од загрозените села во Граѓанската војна, кои потоа се вратиле во родните места. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 5852 7645 6752 6707 5890 6113 7259 7764
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градот припаѓа на општинската единица Лагадина со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Лагадина, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лагадина, каде тој е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на Лагадина се занимава претежно со земјоделство и малопродажба. По војната тука е изградена и конзервна фабрика. Главни производи се пченицата, тутунот, памукот, овошјето и градинарските култури.[2]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 291. 
  3. „Λαγκαδάς“. Δήμος Λαγκαδά.  Unknown parameter |access_date= ignored (помош)
  4. Имбър, Колин (2000). Османската империя 1300-1481. София: Амисития. стр. 160. ISBN 954-90556-2-0. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.153.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 170.
  8. Кънчовъ, Василъ. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 75.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 196-197.
  10. Каракасиду, Анастасия. Житни поля, кървави хълмове. Преходи към националното в Гръцка Македония (1870 - 1970), Ciela, София, 2008, стр. 69.
  11. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.125
  12. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.185
  13. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία.
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928

Надворешни врски[уреди | уреди извор]