Археолошки музеј (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Археолошки музеј - Солун
Αρχαιολογικό Μουσείο Θεσσαλονίκης
Archaeological Museum, Thessaloniki, Greece (7457978664).jpg
Основан1912
МестоСолун, Егејска Македонија, Грција
Координати48°51′36″ СГШ; 2°19′37″ ИГД / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД / 48.860; 2.327
Типархеолошки
ДиректорПоликсена Адам-Велени
Мреж. местоamth.gr

Археолошки музеј - Солунмузеј во Солун, Егејска Македонија посветен на археолошката оставнина на древна Македонија и римскиот период пронајдени во и околу градот Солун, но и пошироко во Егејска Македонија. Претставени се како грчки, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.

Зграда и поставки[уреди | уреди извор]

Музејската зграда е изградена во 1962 г. модернистички стил и е дело на архитектот Патроклос Карантинос. Во 1980 г. е доградено ново крило, посветено на наодите од царската гробница во Кутлеш, каде истите се чувале до 1997 г. Музејот е реновиран во периодот од 2001 до 2004 г. воочи олимпијадата во Атина, а трајните поставки се преуредени.

Статуа на Харпократ

Средишните простории се посветени претежно на наодите од градот Солун и Егејска Македонија пошироко. Во поновото крило се сместени две поставки. Првата е наречена „Златото на Македон“ и опфаќа наоди од гробниците во Текелиево, Ново Село, Нарш, Кожанско, Дервени, (древниот град Лете) Сер и Ашиклар. Втората е наречена „Солун во праисторијата“, каде се изложени наоди од праисториски населби од младото камено време (неолит) и бронзеното време. Во овој дел се поставени и скулптурите од архаичнниот до доцноримскиот период. Тука се поставени и елементи од древномакедонски храм од VI век п.н.е. во јонски стил, наодите од дворецот на римскиот цар Галериј во центарот на Солун и реконструкција на кралската македонска гробница од Ново Село со изворни архитектонски елементи и златни наоди од Текелиево од архаично и класично време.

Оддел „Златото на Македон“[уреди | уреди извор]

Одделот „Златото на Македон“ е посветено на наодите во злато како пример за материјалната култура на древна Македонија од VI век п.н.е. до 148 п.н.е. Изложени се бројни парчиња накит, украси за облека, златни и позлатени предмети, садови и монети и објаснета е тогашната техника на добивање на рудата и изработка на накитот. Опишана е и улогата на овие предмети во погребните обреди на старите Македонци.

Оддел „Солун во праисторијата“[уреди | уреди извор]

Одделот „Солун во праисторијата“ се обидува да го престстави крајбрежјето на Солунскиот Залив какво што било пред основањето на градот Солун од кралот Касандар. Претставени се првите ископувања извршени од британски и француски единици на Солунскиот фронт и наоди од најважните наоѓалишта како Седеш, Царево, Лембет, Даутбал, Гвоздово, Тумба и Кастања, поделени на три периоди — младото камено време, старото бронзено и младото бронзено време.[1]

Значајни предмети[уреди | уреди извор]

Делови од мермерен саркофаг со лов на диви свињи

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 40°37′30″N 22°57′13″E / 40.62500° СГШ; 22.95361° ИГД / 40.62500; 22.95361