Каваларци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каваларци
Καβαλλάρι
Каваларци is located in Грција
Каваларци
Каваларци
Местоположба во областа
Каваларци is located in Лагадина (општина)
Каваларци
Местоположба на Каваларци во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°2′E / 40.717° СГШ; 23.033° ИГД / 40.717; 23.033Координати: 40°43′N 23°2′E / 40.717° СГШ; 23.033° ИГД / 40.717; 23.033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Површина
 • Вкупна43,642,[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Надм. вис.&1000000000000007500000075 м
Население (2001)[2]
 • Вкупно1.874
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Каваларци (грчки: Καβαλλάρι, Кавалари, до 1927 Καβαλάρ, Кавалар)[3] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[4].

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри југозападно од градот Лагадин (Лагадина) во Лагадинското поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 75 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Каваларци е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 54 семејства со 243 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци и 200 Турци[5][7].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[5][8].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 284 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 389 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Калохорион.[10]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 368 жители.[11], додека во 1940 година селото броело 1008 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1125 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1240 жители, во 1971 година имало 1210 жители, во 1981 година имало 1375 жители, додека во 1991 година имало 1518 жители[12]. Денеска, населението на селото е 1874 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1008 1125 1240 1210 1375 1518 1874 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Πίνακας 3. Πραγματικός πληθυσμός, επιφάνεια και πυκνότητα του πληθυσμού, με διάκριση σε αστικές και αγροτικές περιοχές καθώς και σε πεδινές, ημιορεινές και ορεινές περιοχές. Μέσος σταθμικός των υψομέτρων. (PDF) (Greek). Ελληνική Στατιστική Αρχή (Hellenic Statistical Authority). конс. 11 December 2013. 
  2. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Καβαλλάρι
  4. Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 140.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 101. 
  10. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  12. Folketeljing 2011, revidert