Кара Омерли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кара Омерли
Λοφίσκος
Кара Омерли is located in Грција
Кара Омерли
Кара Омерли
Координати: 40°46′N 23°13′E / 40.767° СГШ; 23.217° ИГД / 40.767; 23.217Координати: 40°46′N 23°13′E / 40.767° СГШ; 23.217° ИГД / 40.767; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000386000000386 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно399
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Кара Омерли или Кара Марли (грчки: Λοφίσκος, Лофискос, до 1927 г. Καρά Ομερλή, Кара Омерли)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 386 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кара Омерли е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото Кара Марли имало 500 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 645 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 208 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Крионерион.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 310 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 400 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 482 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 515 жители, во 1971 година имало 340 жители, во 1981 година имало 292 жители, додека во 1991 година имало 326 жители[8]. Денеска, населението на селото е 399 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 400 482 515 340 292 326 399 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Λοφίσκος
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102. 
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Folketeljing 2011, revidert