Караџаќој (Лагадинско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караџаќој
Καρτερές
Караџаќој is located in Грција
Караџаќој
Караџаќој
Местоположба во областа
Караџаќој is located in Лагадина (општина)
Караџаќој
Местоположба на Караџаќој во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°54′N 23°4′E / 40.900° СГШ; 23.067° ИГД / 40.900; 23.067Координати: 40°54′N 23°4′E / 40.900° СГШ; 23.067° ИГД / 40.900; 23.067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000665000000665 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно261
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Караџаќој (грчки: Καρτερές, Картерес , до 1927 Караџаќој)[2] — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри северно од градот Лагадин (Лагадин) на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 665 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Караџаќој е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 908 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 817 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Картерес.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 273 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 421 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 243 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 335 жители, во 1971 година имало 271 жители, во 1981 година имало 248 жители, додека во 1991 година имало 207 жители[8]. Денеска, населението на селото е 261 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 421 243 335 271 248 207 261 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Καρτερές
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102. 
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Folketeljing 2011, revidert