Бешичко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бешичко Езеро
Λίμνη Βόλβη
Бешичко Езеро Λίμνη Βόλβη -
Место Солунсски округ, Егејска Македонија
Координати 40°40′54″N 23°28′02″E / 40.68167° N; 23.46722° E / 40.68167; 23.46722Координати: 40°40′54″N 23°28′02″E / 40.68167° N; 23.46722° E / 40.68167; 23.46722
Површина на сливот 1.247 км2
Земји во сливот Егејска Македонија (Грција)
Најг. должина 21,50 км
Најг. ширина 6 км
Површина 70 км2
Најг. длабочина 22,3
Водна зафатнина 0,94 км2
Надм. височина на површината 37 м

Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; грчки: Λίμνη Βόλβη, Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км2.Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов.

Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви).

Општината околу езерото се нарекува Бешик (Βόλβη).

Флора[уреди | уреди извор]

Езерото е богато со различни водови фитопланктон. Шумите около него се дабови, има и повеќе градини со овошја.

Фауна[уреди | уреди извор]

Во езерото живеат 29 видиви риби,една од нив ендемска. Водоземните се барем 5 видови, а во и околу езерото се среќаваат 34 видови цицачи.Богатсвото на птици е презентирано со повеќе од 200 видови.Поважни што гнездат се:

Исто така езерото е важно место за прехрана на: розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus; макс. 550 двојки) во летото, како и белоглав (кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus; 50+ двојки) за време на миграција. Зимно време можат да се видат цуцулест нуркач (Podiceps cristatus; 11.000 единки), црноврат нуркач (Podiceps nigricollis; 100+ единки), кафеноглава потопница (Aythya ferina; 30.000 единки), лиска Fulica atra; 20.000 единки) и понекогаш синоклунеста патка (Oxyura leucocephala)[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]