Прејди на содржината

Модроврана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модроврана
Возрасна единка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Модроврани
Семејство: Coraciidae
Род: Coracias
Вид: Модроврана
Научен назив
Coracias garrulus
Linnaeus, 1758

Модровраната (Coracias garrulus) или модровранката е единстената птица од ова семејство што гнезди во Европа. Ја има и во Македонија. Повообичаено, таа е распространета до Средниот Исток, Средна Азија и Мароко.

Модроврана
Во Романија

Модовраната е крупна птица, 29-32 см во должина, со 52-58 см распон на крилја; таа е претежно сина со портокалово-кафена боја на грбот. Модовраните често седат видливо на дрва, столбови и надземни проводници како свраките, притоа барајќи големи инсекти, мали влекачи, глодачи и жаби за јадење. Паѓаат во очи со својот силен директен лет и брилијантна сина боја со црни летечки пердуви на крилјата. Половите се слични, само женката е малку посветла, а малечките личат на женките. Се огласуваат слично на враните со грубо гракање.

Живеалиште и исхрана

[уреди | уреди извор]

Ова е птица на топла, сува, отворена земја, претпочита дабова или борова шума. Обично живее во пар. Храната ја бара на дрвјата и по земја. Се храни со ситни безрбетници, инсекти, црви, влекачи, водоземци, но понекогаш јаде и растителна храна.

Размножување

[уреди | уреди извор]
Coracias garrulus

Модровраната се гнези во дупки на дрвја, речни брегови или стрмни ридови. Дупката во земјата ја копаат сами и таа е половина метар длабока со проширување на крајот, каде го сместуваат гнездото. Речиси воопшто не го постилаат или ретко го постилаат со меки материјали. Женката несе 4-6 бели јајца во размер 28х35мм, кои и двата родитела ги инкубираат 17 до 20 дена. Малечките го напуштаат гнездото по околу 28 дена, а дотогаш родителите ги хранат. Годишно имаат само едно легло.

Модовраната има големa глобална популација, вклучувајќи приближно население од 100,000-220,000 птици во Европа. Меѓутоа, во периодот 1970-1990, бројот почна да се намалува, особено во Европа. За време од три генерации (15 години) падот надмина 30%. Во Русија таа исчезнала од северните делови. Заканите за видот вклучуваат: тешкотија за се селиње во неколку Средоземни земји, а стотици, можеби и илјади се застрелувани за храна во Оман секоја пролет. Користењето пестициди, како и менувањето на земјоделската и шумарската практика влијаат врз овие птици, односно им ја намалува достапноста на храната. Од овие и други причини, нејзиниот статус од најмалку загрозена се смени во речиси загрозен вид.

  1. BirdLife International (2012). Coracias garrulus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Lars Svensson and Peter J. Grant. Collins Bird Guide. 1999.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]