Мал орел кликач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мал орел кликач
Aquila pomarina orlik krzykliwyAM.jpg
Возрасен
Заблежи ги белите дамки на крилјата и белиот V знак на опашката
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Јастребовидни)
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Глувчари (спорно)
Род: Орел
Вид: Мал орел кликач
Биномен назив
Aquila pomarina
Brehm, 1831
Распространетост: лето (светлозелено) и зима (сино)

Малиот орел кликач (науч. Aquila pomarina) е голема граблива птица распространета низ источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Како сите типични орли, тој припаѓа во фамилијата на јастребите.

Опис[уреди | уреди извор]

Цртеж на мал орел кликач

Малиот орел кликач е средно голем орел, со должина од околу 60 см, и распон на крилјата од 150 см. Главата и горните пердуви на крилјата му се светло кафеави во контраст со целосно темното перје. Главата и клунот му се мали за орел. Обично имаат бели дамки на горниот дел од крилјата и карактеристичен V бел знак кај опашката.

Младенчињата имаат помалку контрастни бои на крилјата.

Повикот му е како кучешко јип.

Систематизација[уреди | уреди извор]

Оваа птица порано се сметала за подвид на постојаниот жител на индискиот вид - индиски орел кликач (Aquila hastata), кој во суштина многу се разликува според морфологијата, однесувањето, животната средина и ДНА анализата. Европскиот вид, всушност е многу поблизок до големиот орел кликач, чиј претходник дивергирал некаде во средниот плиоцен, пред 3.6 милиони години [2] од предците на индиските птици. Прото-орелот кликач, најверојатно живеел во регионот на Авганистан, и се разделил на северна и јужна линија кога започнало последното ледено доба. Северната линија се разделила на источните и западните денешни видови.[3]

Како група, орлите кликачи доста се разликуваат од типичните, „вистинските“ орли.

Две јајца во гнездо

Денешниот вид понекогаш се хибридизира со големиот орел кликач. Ваквите хибриди речиси е невозможно да се идентификуваат ако не се погледнат убаво одозгора.[4]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Малиот орел кликач се размножува во централна и источна Европа и југоисточно до Турција, а зимува во Африка. Овој вид живее во отворена земја, со малку шума, каде лови мали цицачи и друг сличен плен. Гнездото го прави на дрво, а несе 1-3 бели, со жолтеникави точки, јајца. Како и другите орли, само ако имаат богато ловиште одгледуваат повеќе од едно младенче. Женката ги лежи јајцата откако ќе го снесе првото, а кога тоа ќе се испили, обично ги надраснува другите и порано или подоцна ќе ги убие или изеде останатите.

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Aquila pomarina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. The estimate in Väli (2006) is certainly incorrect; it uses a molecular clock that is appropriate for small passerines with half the generation times of eagles.
  3. Parry et al. (2002), Rasmussen & Anderton (2005), Väli (2006)
  4. Väli & Lõhmus (2004)

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Svensson, Lars (1987) Underwing pattern of Steppe, Spotted and Lesser Spotted Eagles, pp. 12–14 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8th November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски[уреди | уреди извор]