Бешик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бешик (општина))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Бешик
Δήμος Βόλβης
Dimos Volvis - Central Macedonia.svg
Општина Бешик во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област:
Население: 26 079 (2001)
Седиште: Ставрос
Нас. места: 38
Пошт. бр.: 570 10
Пов. бр.: 23970-6
Портал: dimosvolvis.gr/

Бешик (грчки: Δήμος Βόλβης, Димос Волвис) — општина во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Ставрос.

Наречена е по месноста Бешик, со селата Мал Бешик и Голем Бешик. Во средината на општината се протега Бешичкото Езеро.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Бешик е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“.[1] со спојување на шест стари општини: Свети Ѓорѓија (Агиос Георгиос), Стролонгос (Мадитос), Маслар (Аретуса), Егри Буџак (Аполонија), Рендина и Егнатија (Клисели).

Напомена: Називите на општините „Свети Ѓорѓија“ и „Егнатија“ се произволно дадени називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Егнатија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Егнатија на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Егнатија (Δήμος Εγνατίας) со седиште во Клисели (Профитис) има 3 134 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Клисели (1083 жители)
  • село Клисели (или Клисали; Προφήτης, Профитис) (1010 жители)
  • село Ѓулџук Маало (Μικροκώμη, Микрокоми) (73 жители)
  • Општински оддел Караџа
  • село Караџа (Ευαγγελισμός, Евангелисмос) (631 жител)
  • Општински оддел Чали Маало (851 жител)
  • село Чали Маало (Νυμφόπετρα, Нимфопетра) (779 жители)
  • село Ваисли (или Ваис Кула; Βαϊοχώρι, Ваjохори) (72 жители)
  • Општински оддел Сарај
  • село Сарај (Σχολάρι, Схолари) (631 жител)

Општинска единица Егри Буџак[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Егри Буџак на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Егри Буџак (гр. Аполонија, Δήμος Απολλωνίας) со седиште во Егри Буџак (Неја Аполонија) има 4 137 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Егри Буџак (2014 жители)
  • село Егри Буџак (Νέα Απολλωνία, Неја Аполонија) (1860 жители)
  • село Бешички Бањи (Λουτρά Βόλβης, Лутра Волвис) (103 жители)
  • село Арџили (Μεσοπόταμο, Месопотамо) (103 жители)
  • Општински оддел Воренос
  • село Воренос (Νικομηδινό, Никомидино) (561 жител)
  • Општински оддел Гуменич
  • село Гуменич (или Ѓулменич; Στίβος, Стивос) (631 жител)
  • Општински оддел Лезик
  • село Лезик (Μελισσουργός, Мелисургос) (477 жители)
  • Општински оддел Угурли (454 жители)
  • село Угурли (или Урек; Περιστερώνα, Перистеронастаро) (346 жители)
  • село Аланли (Πλατεία, Платија) (74 жители)
  • село Спитакија (Σπιτάκια) (34 жители) новосоздадено

На територијата на општинската единица се наоѓа и некогашното село Кизели (Παρθένιο, Партенио).

Општинска единица Маслар[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Аретуса на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Маслар (гр. Аретуса, Δήμος Αρεθούσας ) со седиште во Маслар (Аретуса) има 3 522 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Маслар (1094 жители)
  • село Маслар (Αρέθουσα, Аретуса) (929 жители)
  • село Кавак (Λευκούδα, Левкуда) (169 жители)
  • Општински оддел Маврово
  • село Маврово (Μαυρούδα, Мавруда) (408 жители)
  • Општински оддел Сулeво (681 жител)
  • село Сулeво (Σκεπαστό, Скепасто) (425 жители)
  • село Ланџа (Λίμνη, Лимни) (256 жители)
  • Општински оддел Стибан (396 жители)
  • село Стибан (Στεφανινά, Стефанина) (375 жители)
  • село Старо Стибан (Κάτω Στεφανινά, Като Стефанина) (21 жител)
  • Општински оддел Ѓувелци (943 жители)
  • село Ѓувелци (Ѓуверџе; Φιλαδέλφι, Филаделфи) (333 жители)
  • село Канџа (Ανοιξιά, Аниксија) (254 жители)
  • село Текри Вермишли (Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) (356 жители)

Општинска единица Рендина[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Рендина на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Рендина (Δήμος Ρεντίνας) со седиште во Ставрос има 6 364 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ставрос (3 647 жители)
  • село Ставрос (Σταυρός) (3 285 жители)
  • село Милиес (Μηλιές) (362 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Ново Ставрос
  • село Ново Ставрос (Άνω Σταυρός, Ано Ставрос) (1 315 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Волви (1 402 жители)
  • село Мал Бешик (или Ќучук Бешик; Μικρά Βόλβη, Микра Волви) (770 жители)
  • село Бамбакеш (Βαμβακιά, Вамвакија) (252 жители)
  • село Голем Бешик (или Бујук Бешик; Μεγάλη Βόλβη, Мегали Волви) (198 жители)
  • село Рендина (Ρεντίνα) (182 жители)

Општинска единица Свети Ѓорѓија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Свети Ѓорѓија на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Свети Ѓорѓија (Агиос Георгиос, Δήμος Αγίου Γεωργίου) со седиште во Аспровалта има 5 466 жители и опфаќа само две општински единици и населени места:

  • Општински оддел Аспровалта
  • Општински оддел Враста
  • село Враста (Νέα Βρασνά, Неја Врасна) (2 427 жители)

Општинска единица Стролонгос[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Стролонгос на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Стролонгос (Мадитос, Δήμος Μαδύτου) со седиште во Стролонгос (Неја Мадитос) има 3 456 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Стролонгос
  • село Стролонгос (Νέα Μάδυτος, Неја Мадитос) (3 039 жители)
  • Општински оддел Пазаруда (1018 жители)
  • село Пазаруда (Απολλωνία, Аполонија) (613 жители)
  • село Кокала (Κοκκαλού, Кокалу) (405 жители)
  • Општински оддел Моди
  • село Моди (Μόδι) (449 жители)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]