Голем Бешик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Голем Бешик
Μεγάλη Βόλβη
Голем Бешик is located in Грција
Голем Бешик
Голем Бешик
Местоположба во областа
Голем Бешик is located in Бешик
Голем Бешик
Местоположба на Голем Бешик во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°25′E / 40.683° СГШ; 23.417° ИГД / 40.683; 23.417Координати: 40°41′N 23°25′E / 40.683° СГШ; 23.417° ИГД / 40.683; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаРендина
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно123[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Голем Бешик или Мегали Бешик (грчки: Μεγάλη Βόλβη) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мегали Бешик бил дел од општина Рендина[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 55 метри во на северозападниот дел од Бешичко Езеро (Волви) во подножјето на Богданска Планина (Вертискос).

Стибан опфаќа површина од 55 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Голем Бешик било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Бесикија (Bésikia), живееле 210 Грци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Турци и 150 Грци[5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 100 Грци и во селото работело грчко училиште[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 203 лица[7]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Мегали Волви.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано со 5 бегалски семјества и со 14 жители, додека во 1940 година селото броело 54 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 384 жители, во 1971 година имало 245 жители, во 1981 година имало 230 жители, додека во 1991 година имало 249 жители[8] а во 2001 имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 123 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 54 209 384 245 230 249 198 123
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 33.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία.
  8. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]