Мала барска кокошка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мала барска кокошка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Фамилија: Блатни кокошки
Вид: Мала барска кокошка
Биномен назив
Porzana parva
(Scopoli, 1769)

Малата барска кокошка (науч. Porzana parva) е многу мала крајбрежна птица од фамилијата на блатните кокошки. Ја има во Македонија во периодот на презимување.

Распространетост[уреди]

Малата барска кокошка е распространета низ источниот дел на Европа до западен Сибир, и делумно во централна Европа и западна Азија. Живее во мочурливи области обраснати со трска, а бидејќи плива добро, се населува поблизу до водата. Таа е птица преселница, која презимува во југозападна Европа, на Медитеранот, и источна и северна Африка. Лета во октомври и се враќа во март.

Опис[уреди]

Малата барска кокошка е долга 17-19 см, со распон на крилјата 34-39 см. Малку е помала од дамчестата барска кокошка. Мажјаците тежат 30-72 грама, е женките 36-65. Животниот век им е речиси 6 години. Возрасните мажјаци се главно светлокафени одозгора со синосиво лице и долни делови од телото. Имаат зелени нозе со долги прсти и куса опашка која е обрабена со црно и бело одоздола. Женките се светло кремави одоздола, а сиви само во лицето. Малденчињата се слични на женките, но со бело лице и гради. Пувкастите пилињата се црни, како кај сите блатни кокошки. Клунот им е краток и прав, жолт, со црвена основа.

Малата барска кокошка е активна дење, особено наутро и приквечер. Мажјаците се огласуваат претежно во раните утрински часови со квек-квек, а женките испуштаат пек-пек-пел или кик звук.

Размножување[уреди]

За време на сезоната за парење, овие птици се многу таинствени и повеќе можат да се слушнат отколку да се видат. Тогаш се доста бучни. Гнездото претставува широка чинија од груби гранки и трски, послано со помек материјал, сместено на посува место меѓу трските. Обично имаат едно легло годишно. Несат 4-7 јајца, жолтеникави со кафеави дамки, со пречник од 29 мм. Јајцата ги квачат двата родитела во период од 21 до 23 дена. По испилувањето, малечките остануваат уште 8 дена во гнездото. Се осамостојуваат по 50 дена.

Исхрана[уреди]

Овие птици колваат со нивниот клун во калта или плитката вода или ја здогледуваат храната на површината. Главно јадат инсекти и ситни водни животни.

Стаус[уреди]

На малата барска кокошка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]